Деца.мк: Децата во ОУ „Аврам Писевски“ сами ќе произведуваат храна. Отворена е првата училишна градина

Прес прегледДеца.мк: Децата во ОУ „Аврам Писевски“ сами ќе произведуваат храна. Отворена е...

Сподели

Децата од скопското село Бардовци се први во Македонија  што сами ќе одгледуваат храна во првата училишна градина што беше отворена денеска по повод 16 Октомври, Светскиот ден на храната. На 11 квадратни метри, градината претставува вид лабараторија на отворено и е прва од ваков тип во земјава. Ја создадоа членовите на „Слоу фуд Водно“ со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при ООН. Засега во неа има растенија што може да ја поминат зимата без покривка- нане, лаванда, жалфија, рузмарин и босилек, а на пролет ќе се посадат и зеленчуци, па дури и овошје.

-Вакви училишни градини за производство на храна ни се потребни во сите училишта како дополнителен импулс за едукација на децата. Тие може да бидат најдобрите амбасадори на здравите навики и практики на исхрана- истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешниот настан.

Поддршка најави и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоевски, поздравувајќи ја креативноста на тимот што ја покрена и ја спроведе ваквата иницијатива.

-Една од нашите основни цели е најмладите да ги научиме здраво да се хранат и да ја заштитуваат животната средина- потенцира Богоевски.

Директорката на училиштето, Матилда Бајкова, напомена дека градината е место каде што децата ќе учат директно во природа и ќе ја градат својата свест за здравата храна.

-Сите ученици од ова училиште  освен што ја заштитуваат животната средина, се и претставници на иднината. Сите вредно работеа и таа практика ќе ја продолжиме. Градината е поделена, а во жардинериите ќе се садат зачински и билки за јадење- изјави Бајкова.

Според постојаниот координатор на ОН, Луиза Винтон, необично е во Македонија која изобилува со храна да се зборува за глад, но факт е дека тоа постои и дека има луѓе што живеат на маргините и гладуваат. Винтон нагласи дека дека годинашното мото на Светскиот ден е „Свет без глад“.

-Училишните градини се училници на иднината кои можат многу да помогнат да се зголемат знаењето, љубовта и почитта на младите генерации кон производството на храна и здравата исхрана, со посветеност кон животната средина и грижата за заедницата- смета Василка Стефановска од „Слоу фуд Водно“.

Растенијата што се сега насадени во училишната градина во „Аврам Писевски“ овозможуваат заштита од инсекти, но и за збогатување на почвата со потребните минерали.

-Лукот со своите антисептички и фунгицидни својства ги заштитува корените на растенијата, а босилекот ги брка сите летачки инсекти. Во градината има пасивен систем за самонаѓубрување и  самонаводнување, односно систем на перфорирани цевки во кои има калифорниски црви. Во цевките ќе се фрла целиот органски отпад што ќе се создава во градината со малку вода. Црвите ќе имаат можност да го обработат во хумус и да го разнесат низ целата градина, што е и вид пасивно орање и обработување на почвата- објасни Катерина Јордановска од „Слоу фуд Водно“.

Училишната градина во ООУ „Аврам Писевски“ е дел од проектот „Училишни градини- училници на иднината“, поддржан од Град Скопје. Предвидено е, ако се обезбедат средства, градини да се направат во осум скопски училишта.

На настанот учествуваа и активисти од здружението „Ајде Македонија“ кое денеска, по повод Светскиот ден на храната, низ десет града во Македонија ја организираат акцијата „Нахрани 10.000“.

Објавено на: 16/10/2018
Медиум: https://deca.mk/

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...