Димковски во посета на село Буково ги повика земјоделците и да ги заштитат своите производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет”

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше во посета на селото Буково во Битолскиот регион, каде што се одгледува познатата сорта на Буковска пиперка.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна објави Јавен повик за финансиска поддршка за елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските прехранбени производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет”.

“Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година се одвоени средства во висина од 1.500.000 денари со кои ќе се помогне на сите оние производители кои ќе одлучат да ги заштитат своите производи, доколку има поголем интерес секако буџетот ќе биде зголемен“- изјави министерот Димковски.

Пиперките се особено важни во балканската гастрономија и за македонската кујна. Тие се едни од најодгледуваните и најконсумирани зеленчуци во регионот и се користат во подготвување на повеќе видови на специјалитети.

Со заштитувањето на земјоделски производи и домашните специјалитети како останатите европски држави, ќе може истите  да бидат промовирани на европските пазари, со нашите заштитени ознаки.

Објавено на: 02/07/2020
Медиум: http://www.mzsv.gov.mk/