Со задоволство ви објавуваме дека со работа започна domato.mk – виртуелен маркет за гурмански производи и традиционално произведена храна.
Domato.mk е место каде што предноста ја имаат локалните производители, а добредојдени се плодовите и продуктите на сите кои искрено соработуваат со природата и негуваат вредности на одговорност и почит за благородната почва.
Прв од својот вид на нашиот пазар, domato.mk ќе обедини и понуди свежо и сезонско овошје и зеленчук, млеко, млечни и месни производи од домашни производители, но и широк асортиман на продукти произведени во Италија.
Во основата на domato.mk e продажбата на добра храна за фино живеење, со посебно внимание на одговорното одгледување, органската и правичната храна.
За почеток со испораките ќе биде покриена територијата на Скопје, до вратите на купувачите производите ќе се доставуваат најдоцна за 24 часа, веб страната е функционална, прегледна и едноставна, а плаќањето е безбедно и сигурно.
Слоу Фуд Македонија соработува со тимот на domato.mk и производите на повеќе наши членови, веќе можете да ги најдете на веб сајтот. Секако, domato.mk ќе ја зголемува соработката со што е можно повеќе членови на Слоу Фуд фамилијата, затоа што domato.mk секогаш е во потрага по мали, традиционални и домашни неиндустриски производители.
Доколку одгледувате и произведувате храна која е врзана со филозофијата на Слоу Фуд вие сте повеќе од добредојдени да ги контактирате на nabavki@domato.mk. Од нас очекувајте фер цени, добра атмосфера и професионален однос…
Повелете, посетете го сајтот domato.mk и ве очекуваме…