Фестивал на дивите смокви

18.05.2014 во недела од 12 часот 
Градски плоштад, Богданци

Организаторите ,,Слоу Фуд Росалес Богданци во соработка со ,,Слоу Фуд Тера Гевгелија  и ,,Слоу Фуд Дојран Ве покануваат за присуство и медиумско покривање на настанот кој, се организира по петти пат.

Програма на настанот:

  • Презентација на слаткото од диви смокви од страна на производителите, членови на ..Слоу Фуд президиумот”;
  • Дегустација на слатко, размена на рецепти и искуства;
  • Изложбено-продажни штандови на производи од мали производители;
  • Информативен штанд за ,,Слоу Фуд”;
  • Културно-уметничка програма;
  • “Распеани Богданчани”, КУД “Бранд Петрушев”,  КУД “Мегдан”, Марија Ицкова со својот Бенд.

  Во југоисточниот дел на земјата, во општините Богданци, Валандово, Гевгелија, Дојран од македонската страна на езерото Дојран, покрај реката Вардар па се до границата со Грција, има распостранета вегетација на диви смокви. Малите плодови со зелена боја и крушковидна форма, не достигнуваат целосна зрелост, и како такви не се кристат во исхраната. Овој вид на овошје ги инспирирал жителите да пронајдат начин како да ги преработат а во исто време да биде и вкусно во конзумирањто.

  Смоквите се овошје што треба да се вари девет пати. Тоа е единствениот начин да се отстрани латексот (млекото) кое што е главнот проблем овие плодови да се користат во исхраната.

Традиционалното слатко од диви смокви се произведува во домовите за домашна употреба и  не се продава на  пазарот, освен во мали количини за вистинските љубители на слатко. Строгите регулативи во Македонија за производство на храна како и недостатокот од соодветна легислатива за традиционално производство, го одложуваат и спречуваат добивањето на сертификати за продажба на пазарот на оригиналниот традиционален рецепт,

кој го подготвуваат со генерации домаќинките од овој крај.

 Ова беше почетната основа за Слоу Фуд заедно со Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет уште во 2011 година да започне со развој на проект ,,Президиум” со цел заштитата и промоција на ова знаење и високо квалитетен производ. Целта на президиумот е да се премине од  домашно производство кон квалитетен занаетчиски производ. Првиот чекор беше формирање на здружение со цел да се промовира слаткото од  диви смокви. Производителите, заедно со локалните експерти и „Слоу Фуд Фондацијата за Биодиверзитет“ во текот на овие години работеа на утврдување на методите на производство, правилата за производство, финализација на пакувањето и промоција на производот. Во исто време „Слоу Фуд“, помогнато со членовите во Македонија продолжи да работи со локалните власти кон усвојување на соодветна легислатива за традиционални локални производи.

Фестивалот е дел од промотивните активности на членовите на Президиумот на локално ниво, додека на регионално и интернационално ниво, слаткото оваа година ќе се промовира на „Тера Мадре Балкан“ во Дубровник во јуни и „Салоне дел Густо“ во Торино во октомври.

Настанот е помогнат од „Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет“, Општина Богданци, Печатница “Софија”,Богданци, Лебопекара “ММ”, Богданци и ЕССЕДРА прокет финансиран од Европска Унија.

Слоу Фуд Македонија

Анита Главевска
Ассистент за комуникации

П.Факс  27, 7000 Битола
Република Макеоднија
075/708-807
glavevska.anita@gmail.com
www.slowfood.mk