Македонските сирења помеѓу најдобрите на светот

Moра да се шегувате со мене со недоверба ни изјави Пиеро Сардо, претседател на Фондацијата за биодиверзитет на Слоу Фуд и експерт за сирења, пробувајќи го кашкавалот кој го сервиравме на состанокот, и следејќи го со внимание нашето објаснување како се пари баскијата во жежок солен раствор и се формира питата кашкавал. …за наредната производна сезона лично се увери на Кораб и во Галичник во веродостојноста на тоа што го слушна. „Невообичаено, автохтоно, уникатно…“ ми изјави тогаш, восхитен од планинските пејзажи со пасишта и вештината на мајсторот кој го месеше пареното тесто.

 

Така започнува приказната од пред две години за вториот македонски президиум, за денес, првпат да биде преставен како „Сирења од Мавровско Реканскиот регион“, произведени на мандра од сурово овчо млеко во услови на висикопланинска испаша.

Така во периодот од 16-19 септември во Бра, Италија на биеналниот Фестивал на сирење Cheese 2011, во организација на Слоу Фуд, галичкиот кашкавал, сирењето од Кораб и требишкото сирење, зреани во дрвени качиња, се најдоа помеѓу најпознатите сирења во светот, изложени заедно со италијанската горгонзола, алпскиот ементалер, Монтгомери чедарот, камемберот од Нормандија.. Сирења со идентитет во однос на нивната историја и поврзаноста на местото, млекото, производството и народот.