Храм на виното

Во сабота на 4 декември Офицерски дом во Битола за првпат ширум ќе ги отвори вратите за сите кои го негуваат култот кон виното, производители и љубители на овој божествен пијалок и ќе се претвори во своевиден „храм на виното“.

Воедно ова е еден од првите јавни настани кои ќе се одржат по неговата реконструкција и пуштањето во употреба и претставува извонредна можност да се почувствува неговата убавина и амбиент збогатен со содржините од програмата на Slow Wine 2021 винскиот салон Битола

Објектот на Офицерскиот дом во Битола е изграден во 1911 година од управникот на битолскиот вилает Абдул Керим-паша а целосно довршен во 1919 година.

Редок пример на архитектура, со голема и одмерена архитектонска естетика, која покрај генерални стилски карактеристики, носи и печат на оригиналност и неповторливост.

Објектот служел на елитата на повеќе војски, како палата за свечени приеми, забава и одмор а одржувани се и безбројни балови.

Офицерскиот дом е обележје на град Битола и културно-историски споменик на битолската и македонска култура, тој е наследство кое денес се враќа во функција на културата во Битола.

Винскиот салон ќе се одржи на 04.12 2021, сабота со почеток од 16 часот во Офицерски дом, Битола

Настанот ќе се одржи во согласност со Covid-19 протоколот на Министерството за здравство. Задолжително треба да се покаже сертификат за двојна вакцинација, негативен PCR тест или сертификат за прележан Covid-19 во последните 30 дена. Носење на маска е задолжително.

Влезници за настанот можете да набавите и онлајн: https://mktickets.mk/event/swbt/