Организацијата Слоу Фуд Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство на Република Македонија организираат Конференција за ознака на потеклото на производот и географската ознака.
Тема на конференцијата е „Заштита и унапредување на квалитетот на производите поврзани со географското потекло во Република Македонија“.
Конференцијата ќе се одржи утре во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со почеток во 10 часот. На настанот ќе учествуваат претставници на владини институции, универзитети, невладини организации, како и производители од Република Македонија. Со оваа конференција, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија ќе иницираат дијалог со производителите, здруженијата и експертите за да се разгледаат можностите за поефективна имплементација на Заштитена ознака за потекло (ЗОП)во Македонија. Слоу Фуд во Македонија повеќе од 5 години работи на заштитата на локалниот биодиверзитет и традициите на храна. Веќе 75 локални автентични производи се мапирани и поголем дел се внесени во меѓународниот каталог „Арката на вкусови“ и реализира четири проекти за развој на Президиуми – здруженија на производители.
Објавено на: 26/03/2015
Медиум: Инпрес фото: архива