Карло Петрини: Во 2022 да се сретнеме лично на Тера Мадре во Торино

Драги пријателки и пријатели,

 Штотуку завршува уште една интензивна година, помината со месеци на неизвесност, со нови и тешки предизвици. Сите оние кои се дел од нашата глобална мрежа, уште еднаш ја покажаа својата моќ и единство. Низ целиот свет, заедниците на Слоу Фуд продолжија да работат за да ги реализираат нашите проекти и да создаваат позитивно влијание на својата  територија. Бројот на Президиуми се зголемува, номинациите за Арката растат, се повеќе девојчиња и момчиња ги обработуваат нашите градини, додека мрежата на готвачи и производители кои бараат еколошка и социјална одржливост се зајакнува.

Горди сме на сите иницијативи за солидарност што нашите локални заедници ги превзедоа во најтешките моменти: да размислиме на пример за пожарите што зафатија толку многу региони во светот. Но, и на многуте глобални битки во кои Слоу Фуд го упати својот глас, како што се собирањето потписи за зачувување на пчелите, посветеноста против климатската криза, заштитата на биолошката разновидност и агроекологијата кон производителите, како и пред највисоките институции. И секако, во духот на Слоу Фуд не недостасуваа пријатните прилики, да се собереме и да ги планираме предизвиците во иднината.

И токму со оваа желба ја чекаме новата година: да се сретнеме лично на Тера Мадре во Торино. Добро знаеме дека времињата во кои живееме се непредвидливи, но ние сме посветени на задачата да се сретнеме во септември 2022 година, пречекувајќи што е можно повеќе од вас со присуство и овозможувајќи им достапност на оние кои не можат лично да дојдат со помош на алатките на интернет за учество.

На Тера Мадре 2022 сакаме да предложиме нови идеи и алатки за oбнова на нашиот заеднички дом, планетата Земја: тоа е гест на љубов, грижа и одговорност кон сите живи суштества. Ве очекуваме сите, бидејќи сечиј придонес е дел од еден поголем колективен гест кој може да помогне да се промени светот.

Ние сме мнозинство,
Карло Петрини, основач и претседател на Слоу Фуд