Дозволете нѝ да ја збогатиме иднината на Вашата трпеза!

Просечните температури се зголемуваат премногу брзо, додека феномените како што се поплавите, сушите, град– станаа вообичаена појава. Биодиверзитетот е еден од првите жртви на оваа состојба; водните ресурси кои овозможуваат климатска рамнотежа се загрозени, климатските појаси се поместуваат,  и повеќе од јасно е дека човекот има голема одговорност во врска со сето тоа.

Иако климатските прашања се во центарот на глобалната политичка сцена, односот помеѓу храната и климата, храната и животната средина, се чини дека останува на маргините на дискусиите.

Што може да направите вие?

Почнувајќи од индивидуалното однесување преку секојдневниот избор на храна, секој од нас може позитивно или негативно да влијае врз животната средина. Всушност, не е важно која е нашата професија и кои се нашите вештини. 

Храната е елементот кој нѐ обединува сите и изборoт што се однесува на нашата исхрана е клучната алатка за обезбедување позитивни резултати во краток временски период, а Слоу Фуд постои за да Ве насочи при Вашите избори и да ги максимизира Вашите промени кон подобро. 

Како Слоу Фуд се залага на темата со климатските промени?

Запознавајќи Ве со малите производители, фармери и занаетчии на фестивалите, саемите за храна и пазарите на фармери, Слоу Фуд помага за скратување на синџирот на храна, поврзувајќи ги консументите со производителите, организирајќи предизвици (линк), акции и вршејќи едукација , мобилизација и апелира за придонесување кон глобалните промени преку своите примери и промени.

Зошто да не поддржите? 

Сите овие аспекти на работата на Слоу Фуд се поврзуваат во глобалната кампања за борба против климатски промени наречена “Храна за промени” која се спроведува и на локално ниво во Македонија.

Следете не за повеќе информации и приклучете ни се во заедничката борба за поголемото добро!