Kaко е поврзана нашата храна со климата?

This image has an empty alt attribute; its file name is 21-procent-zemjodelstvo.jpg

Индустрискиот систем за производство на храна претставува еден од најголемите виновници: Една петтина од емисиите на гасови на стаклената градина произлегуваат од интензивно фармско одгледување на добиток, широката употреба на хемиски средства врз културите, производството на свежа храна во текот на целата година без оглед на природната сезона и дистрибуционите ланци кои разнесваат храна низ целиот свет за да стигне до полиците на нашите супермаркети.

Но земјоделието, посебно малите фарми, исто така е првата жртва на климатските промени, бидејќи фармерите мора да се справат со катастрофалните суши кои се испрекинати со обемни поплави, и кои прават подолги и подолги претраги за да најдат вода за своите животни кои ги одгледуваат. Покачувањето на нивото на морето претставува закана за опстанокот на рибарските заедници, ацидификацијата на океаните истите ги прави несоодветни за живот и секој ден ние гледаме се поголема и поголема загуба на биодиверзитетот и незапирливо опустинување.

Секој од нас може да направи разлика, започнувајќи со тоа што ќе направи некои промени во нашето секојдневно купување. Заедничкото влијание на сите наши избори, може да ги натера владите и меѓународната заедница, конечно да започнат со изнаоѓање на алтернативен пат кој толку многу и е потребен на нашата планета.

„Храна за промени“ е кампања на Слоу Фуд која ја промовира оваа алтернатива. И претставува првата интернационална комуникациска кампања која го поврзува глобалното затоплување со производството и потрошувачката на храна, охрабрувајќи изнаоѓање на повеќе разумен приод кон потрошувачката, како и прибирање на фондови за проектите на Слоу Фуд кои подржуваат семејно фармерство, едукација за храна и за животната средина, и заштита на биодиверзитетот.

Во последните сто години има зголемување од 0,85°C во просечната температура на површината на Земјата, зголемени се нивоата на морињата, како и температурата и киселоста на океаните, Арктичкиот океан се затоплува дури и побрзо отколку што е предвидено, додека екстремните климатски настани и нарушувањата на животните циклуси стануваат се почести.

Според меѓувладиниот панел за климатски промени до крајот на векот, ако емисиите на стакленички гасови не се намалат, просечната температура на Земјата може да се зголеми за 4°C, но дури и со зголемување од само 2°C ќе има екстремно сериозни последици, и еколошки како и социјални.

Слоу Фуд смета дека производството на храна претставува една од главните причини за климатските промени, од кои исто така е и жртва. Како таква, значителната промена во тековниот глобален систем на храна ќе направи голема разлика во борбата против климатските промени.

Моделот на производство на храна, кој е воспоставен на глобално ниво од крајот на втората светска војна, е одбележан со интензивна и растечка индустријализација, преку следните карактеристики:

  • Растечката употреба на хемиски производи и нафтени деривати за производство на ѓубрива, пестициди, хербициди, и гориво за земјоделските машини
  • Ширењето на монокултурите, семињата со висок принос и генетски модифицираните растенија, заедно со напуштањето на практиките со цел зачувување на природната плодност на земјиштето (ротација на културите, зелено ѓубриво, комбинирање на културите)
  • Интензивна механизација на земјоделските процеси
  • Прекумерна потрошувачка на водата за наводнување

Влијанието на индустријализацијата на земјоделството врз животната средина е катастрофално, со што се предизвикува загадување, ерозија на почвата, уништување на земјоделските пејсажи, изградба на брани, бариери и огромни пренасочувања на водотеците, губење на „биодиверзитет на зеленчукот и животните предизвикани од уништувањето на шумите и напуштањето на автохтоните сорти.

Сточарството, исто така значително се промени во последниве децении, со цел да се задоволи растечката побарувачка, со што се создаде еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваме.

Не смееме да заборавиме дека одгледувањето на животни зазема 70% обработливо земјиште (вклучувајќи го и земјиштето што се користи за одгледување на животните и културите што се одгледуваат исклучиво за да ги нахранат)

Производството на месо е одговорно заречиси една петтина од вкупните емисии на стакленички гасови (вклучувајќи го и уништувањето на шумите за да се создаде обработливо земјиште за да се подигне добиток и култура за да се хранат (за да се произведе храна за добитокот), употребата на ѓубрива и емисијата на метан и азотен оксид) и земјоделскиот сектор во целина за околу една третина.

Понатамошните последици вклучуваат општо осиромашување на глобалната култура, како што се губи традиционалното знаење поврзано со одгледувањето и производството на храна, економската пропаст на малите производители ширум светот, зголемената сиромаштија, интензивирањето на конфликтите врз природните ресурси (како водата) и силните миграциски текови.

Индустријализацијата на земјоделството и сточарството, како и неодржливата природа на модерната потрошувачка на храна која произлегува од индустријализацијата на своето производство, се некои од главните фактори кои ја загрозуваат нашата животна средина.

Сегашниот систем на храна мора да биде радикално редизајниран, ако сакаме да го намалиме нашето влијание врз животната средина. Усвојувањето на одржливи земјоделски практики може да игра важна улога во борбата против климатските промени. Одржливото земјоделство ја намалува зависноста од фосилни горива, ја одржува плодноста на земјиштето, го зголемува зафаќањето (врзувањето) на јаглеродот во почвата, го забавува опустинувањето и користи помалку вода. Зачувувањето на биодиверзитетот гарантира можност за одгледување или зачувување на добитокот во екстремните подрачја што му овозможува  подобра отпорност на паразити и болести.

Прочитајте го нашиот документ за ставот, во однос на климатските промени.