Со нашите индивидуални акции да помогнеме во јакнење на јавната свест за прашањето на климатските промени и да предложиме можни решенија во надминување и адатптација на оваа глобална криза. 

Затоа ве покануваме да ни се приклучите во заедничката кампања за актуелизирање на прашањата за поврзаноста на нашата храна и климатските промени, поддржувајќи ги нашите предизвици.

This image has an empty alt attribute; its file name is hrana-za-promeni-baner-pose.jpg

#ПосенПеток

 

Интензивното, индустриско производство на храна има големо негативно влијание на животната средина. Производството и консумацијата на месо е во постојан раст и зазема застрашувачки размери. Интензивното сточарство безмилосно ги троши природните ресурси, го окупира плодното земјиште за производство на добиточна храна, ја загадува животната средина и произведува стакленички гасови, особено на метан. Мора сите да придонесеме за запирање на овој тренд.

 

Посниот ручек во петок е дел од нашата традиција која треба да продолжиме да ја негуваме, но истовремено е пример да размислиме, како да изгледаат нашите оброци од иднината. Штедливи, одржливи, ефтини и здрави оброци кои се добри за вас и се пријатели на планетата.

 

Разбудете го еко-свесниот гурман во себе,  согласно со  вашите афинитети и идеалите на Слоу Фуд, вклучете се во предизвикот #ПосенПеток и  прикажете ја вашата поддршка на социјалните медиуми:

 

  1. Фотографирајте или снимете видео што ве прикажува како готвите, јадете или споделувате храна или чинија за кои сметате дека ги претставуваат вредностите на кампањата. За повеќе детали информирајте се тука.
  2. Објавете ја фотографијата или видеото на еден од вашите профили на социјалните мрежи, помеѓу 03 јули и 31 август 2020 година, користејќи ги хаштазите: #ПосенПеток и #ХранаЗаПромени
  3. Предизвикајте ги со тоа што ќе ги „тагирате“ во објавата вашите пријатели или некоја позната јавна личност која ја познавате и замолете ги да го сторат истото!

Се надеваме дека можеме да сметаме на вашата поддршка на предизвикот #ПосенПеток и на кампањата „Храна за промени“.