Како секој поединец (фармер, готвач, консумент) или група (училиште, конвивиум здружение) да даде придонес за намалување на влијанието

Дали ги гледате климатските промени како нешто апстрактно и далечно?

Дали мислите дека не можете ништо да преземете околу тоа? Што ако ви кажеме дека секој од нас може да направи некаква промена?

Како?

Со посветување повеќе внимание на едноставните нешта, нешто што избираме секој ден, најчесто без да знаеме: нашата храна.

Производството на храна е одговорно за една петтина од вкупните емисии на стакленички гасови. Тоа е една од главните причини за глобалното затоплување. Сепак, нашата храна е исто така една од главните жртви за климатските промени. Сушата, опустинувањето, поплавите, порастот на нивото на морето и загадувањето на океаните ја загрозуваат храната низ целиот свет.

Како резултат на тоа, најсиромашните делови од планетата веќе страдаат, но последиците може да се почувствуваат насекаде: поблаги зими, голема промена на тропските штетници, оскудните пасишта, непредвидливи, насилни временски настани.

Добрата вест е дека, со менување на нашите навики за исхрана, дури и при најмала промена, можеме да стигнеме до решение.