Kонференција: Трансформација на локалното производство на храна во пристапниот процес кон ЕУ

Отворен повик за учесници

Во периодот од 19-20 ноември 2014 во Истанбул, Турската канцеларија на ТАКСО во соработка со Македонската канцеларија на ТАКСО и со поддршка од проектот ESSEDRA организира конференција “Трансформација на локалното производство на храна во пристапниот процес кон ЕУ: можности и предизвици”.

Конференцијата има за цел да ја подигне свеста за политиката на ЕУ и националните процеси и реформи во локалното и традиционалното производство на храна во контекст на прашања поврзани со животната средина и биоразновидноста и да се прошири дискусијата на поголем круг на граѓански организации (ГО) како и да се овозможи вмрежување и градење партнерства меѓу организациите.

Учесници на конференцијата ќе бидат граѓански организации (ГО) и мрежи на ГО кои што работат на прашања поврзани со производство на храна, безбедност на храната и биоразновидност, заштита на животната средина, како и релевантни владини чинители и експерти од институциите на ЕУ и ГО.

Заинтересираните кандидати претставници на ГО од земјата можат да се пријават за учество до Македонска канцеларија најдоцна до 3-ти октомври 2014. Повеќе информации за конференцијата и начинот на пријавување ќе најдете во отворениот повик.

За настанот

Овој настан е организиран во рамките на компонентата Луѓе за луѓе (P2P) на проектот ТАКСО. P2P е дел од структурата за поддршка на граѓанското општество и нуди можност за граѓанските организации во земјите од Западен Балкан и Турција да ги прошират своите знаења за ЕУ и пристапните процеси преку посети на европските институции, средби со европски граѓански организации (ГО) како и можност за вмрежување на меѓународно  и регионално ниво.

Целта на оваа дводневна конференција е да ја подигне свеста за политиката на ЕУ и националните процеси и реформи во локалното и традиционалното производство на храна во контекст на прашања поврзани со животна средина и био-разновидност и да се прошири дискусијата во поширок круг на ГО како и да се овозможи вмрежување и градење партнерства меѓу организациите.

Конференцијата ќе ги собере на едно место ГО и мрежите на ГО од Турција и поранешна Југословенска Република Македонија кои што работат на производство на храна, безбедност на храната и биоразновидност, заштита на животната средина, како и релевантни владини чинители и експерти од институциите на ЕУ и ГО. 

Исто така, учесниците ќе имаат можност да разменат искуства и да воспостават дијалог за решавање на проблемите поврзани со тековната состојба во двете земји како и ограничувањата поради тековната регулатива и да истражат можни активности за понатамошни дискусии, застапување, планирање на ова прашање.

Информации за контакт

За повеќе информации за настанот, обратете се до:
Ayça Bulut Bican, советник на проектот
bican.ayca@tacso.org
тел. +90 312 426 4451

Сунчица Саздовска, советник на проектот
suncica.sazdovska@tacso.org
тел. +389 2 3225 340