„Конзервираме заедно“ – средба на мали производители од Македонија, Франција, Унгарија и Бугарија

До:
Средства за јавно информирање 

Скопје, 01.10.2015

Мали производители на храна и претставници на невладини организации од Република Македонија, Франција, Унгарија и Бугарија, преку „Слоу Фуд Водно“, ќе се соберат на тридневно дружење во Скопје и Куманово. Дружбата во организација на проектот „Конзервираме заедно“ ќе се одржи од 2-ри до 4-ти октомври.

Вреднувањето на  локалната храна е делот кој е неопходен за локалните производители да се гледаат како идни мисионери на нивното производствo е многу важно во одржувањето на биодиверзитетот, вели координаторот на проектот од Македонија, а воедно и претседател на Слоу Фуд Водно, Василка Стефановска.

„Ќе се собереме заедно, производители од Македонија, Долна Нормандија, невладини организации кои работат на полето на храната и професори, каде дискутираме за вредноста на органското производство, природниот начин на конзервирање и едукацијата на консументите од страна на производителите“, објаснува Стефановска.

Учесниците ќе имаат средба со производителите на преработки и ароматични растенија и ќе присуствуваат на предавања каде фокусот ќе биде ставен на органското производство и како овие производи да се доближат до консументите,  додека последниот ден од предвидената програма на настанот ќе биде посветен на работилницата „Македонски ајвар“. Ова ќе биде одлична можност за партнерите од проектот да го почувствуваат мирисот на пиперки, а потоа и да го вкусат овој препознатлив македонски традиционален производи да научат дел од начините за конзервирање на храна во домашни услови.

Знаењето, обуките и активностите од проектот ќе овозможат локалните производители да ги подобрат комуникациските вештини преку едукативна надоградба при односот  со консументите кои ги гледаат како идни мисионери и познавања во областа на маркетингот каде ќе можат самите да ги пласираат своите производи на пазарот.

Целта на овој проект е да се воведе нова форма на  промоција на локалните производи, каде производителите ќе бидат во улога на обучувачи на консументите, додека придобивките се заштита на производите, реклама на сопствените производи, обезбедување на информации директно од производителите од каде потекнува храната која се консумира и можеби една од најважните покревање  иницијатива за одредена група потрошувачи да станат идни производители.

 „Конзервираме заедно“ е проект, финансиран од Еразмус+ кој е во тек и започна да се реализира од Јули 2014 и ќе трае до Март 2016. Носител на проектот е Франција, додека Македонија преку Слоу Фуд Водно, заедно со Бугарија и Унгарија се партнери во проектот.

За дополнителни информации, лице задолжено за организација:

Василка Стефановска
Конвивиум лидер
Слоу Фуд Водно
070/252-963
Vased94@yahoo.com

Лице задолжено за комуникации во „Слоу Фуд“:

Анита Главевска
Асистент за комуникации
Слоу Фуд Македонија
П.факс 27, 7000 Битола
075/708-807
anita.g@slowfood.mk

Слоу Фуд вклучува милиони луѓе кои ја следат филозофијата за „добра, чиста и правична„ храна, мрежа составена од готвачи, производители, млади активисти, рибари и експерти од повеке од 150 земји, помеѓу нив и  100,000 членовии,  здружени во повеке од 1.500 локални групи т.н. конвивиуми кои преку својата членарина даваат придонес во организацијата на локалните активности. Мрежата вклучува и 2.000 Тера Мадре заедници на храна кои се посветени на одржливото производство на малите семејни фарми.

Повеќе информации на следните линкови:

www.slowfood.mk
www.slowfood.com