Либертас: Дали во Македонија ќе се конзумира ГМО храна? Директорот на АХВ вели не е штетна – Граѓаните со петиција против

Откако Агенцијата за храна и ветеринарство поднесе предлог закон со кој се дозволува производство на ГМО храна, се појави иницијатива која преку петиција бара да се стопира неговото донесување.

Граѓаните спреку онлајн петиција бараат да се стопираат законските измени кои треба да овозможат производство на генетски модифицирана храна во земјава. Петицијата е покрената од иницијативата „Коалиција Против ГМО“, а нивната цел е да се соберат 10 илјади потписи за поддршка на нивното барање. Oправдувањето дека се стандардизираме според Европската Унија е неиздржано. Според ЕУ, секоја (сегашна или идна) членка самата избира дали сака кај неа да се произведува ГМО“, наведуваат од Коалицијата.

Според нив производството и конзумацијата на ГМО храна не смее да се дозволи бидејќи претставува ризик врз биодиверзитетот и земјоделците, а дополнително проблематична, според нив, е и слабата информираност за здравјето и сигурноста од ГМО храната.

За штетноста или оправданост од ГМО храната гостин во Отворено Студио 1 беше директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Целиот разговор погледнете го во видеото: https://youtu.be/h48A7j39AyQ

Објавено на: 10/12/2018
Медиум: https://libertas.mk/