Бидејќи сите ние ќе го поминеме викендов во своите домови, Слоу Фуд нуди идеи за како квалитетно да се помине времето во продолжениот карантин.
Постојат многу книги кои зборуваат за храна, нашата животна средина и важноста да се има добар, чист и правичен систем на храна. Искористете го ова #СедиДома време и посветете време на добра книга и #ЕдуцирајСе. Предложете ни и вие нешто интересно, што сте прочитале на сродни теми. Во меѓувреме проверете го нашиот избор на дела од врвни автори.
„Слоу Фуд нација“
~ Карло Петрини
Досега, повеќето од нас се свесни за заканите кои демнат во светот на храната. Најпродаваната „Фаст фуд нација“ (Fast Food Nation) и други книги со тематики за храна, не предупредуваат на опасностите како генетски модифицираните организми, болестите пренесувани преку храната и индустриското земјоделство. Но, сега е време за одговор. „Слоу Фуд нација“ (Slow Food Nation) е книгата која не води низ предизвикот да ни ги понуди одговорите. Во неа, авторот, харизматичниот лидер на движењето Слоу Фуд, Карло Петрини, ги нагласува многуте различни патишта преку кои ние можеме да ја вратиме назад контролата врз нашата храна. Трите централни принципи на филозофијата на Слоу Фуд се: храната мора да биде произведена на одржливи начини кои се сензитивни во однос на животната средина, оние кои ја произведуваат храната мора да имаат фер третман во опшеството и храната мора да биде здрава и вкусна. Во неговите патувања низ светот, Петрини, како амбасадор на Слоу Фуд, бил сведок од прва рака, на разните начини преку кои домородното население се прехранува самото себе, без да ги спроведуваат штетните методи применувани во агро-индустрискиот комплекс. Тој посочува дека мудроста треба да се влечи од локалните култури на толку разнобразни места како Монголија, Мексико, Шри Ланка или Италија.
„Дилема на Омниворите“
~ Мајкл Полан
Пред повеќе од десет години, Мајкл Полан, еден од најугледните журналисти и писатели за храна, нè соочи со ова навидум едноставно прашање „Што треба да вечераме?“. „Дилема на Омниворите“, преку брилијантното истражување и откривање на нашите избори на храна, покажува дека начинот на кој одговараме на ова прашање може да го одреди не само нашето здравје, туку и нашиот опстанок како вид. Привлекувајќи широко внимание на малку познатите, но витално важни димензии на храната и земјоделството во Америка, Полан отвори дебата за тоа што јадеме и за големите последици што дури и преку наједноставните секојдневни избори на храна имаат врз нас и за живот свет и планетата.
„Храната е култура“
~ Масимо Монтанари
„Храната е култура“ ја истражува претпоставката дека дека сè што има врска со храната – од нејзиното собирање, култивирање, подготовка и консумирање – претставува културен чин. Масимо Монтанари ја покажува еволуцијата на храната, која започнува со „изумот на готвење“, преку трасформацијата во рецепти и конечно прераснува во комплексен културен производ обликуван од климата, географијата, потрагата по задоволство, а денес и желба за здравје. Од историјата на храната, Монтанари се осврнува и на трговијата со зачини, првите земјоделски здруженија, ренесансните јадења кои спојувале различни вкусови и аналитичкиот пристап на просветителите, кои инсистирале на раздвојување на вкусовите. Авторот ни презентира како храната, некогаш била само практична потреба, која денес еволуирала во индикатор за социјалната положба и религиозен и политички идентитет.