MИА: Размена на искуства на собирачи на билки од Долна Нормандија и Македонија

Куманово, 2 октомври 2015 (МИА) ¬ Собирачи на билки од Франција и Македонија денеска презентираа изработка на сирупи, балсами, билни креми и тинктури, во рамки на проектот „Ароматични и лековити билки: Вредност на природно наследство“ дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.
Претходните денови берачите заедно собираа билки на подрачјето на општина Ранковце и размениле искуства во однос на продажбата и производството. Проектот го спроведува организацијата „Вештини и еко“ од Долна Нормандија и локалните организации Слоу Фуд и „Рурална коалиција“ од Куманово во соработка со партнери од Бугарија и Унгарија.
Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, рече дека проектот е мошне иновативен и дека прв пат се промовира годинава и посочи дека станува збор за дел од децентрализираната соработка во која се вклучени и локални партнери. ¬ Природното богаство е нешто кое ние постојано го негуваме. Македонија изобилува многу и од него може да се направи вистинска економска гранка. Македонија изобилува со ароматични и медицински билки, но она што треба да го направите е да знаете истото да го вреднувате, за да можете да го презентирате за продажба на пазарот, нешто што ние во Франција знаеме да го направиме, изјави амбасадорката Оер. Преку проектот ќе се овозможи стекување на знења кои потоа ќе се искористат за зачувување и искористување на потенцијалот со кој располага Македонија.
Градоначалникот на општина Ранковце, Момчило Алексовски, изјави дека општината е една од најчистите еколошки општини и дека има бројни собирачи на билки, но дека се уште работат на старомоден начин кој се сведува на сушење. Тој очекува дека собирачите на билки од Ранковце ќе научат како да произведуваат лековити креми, чаеви. Арно Троле од организацијата „Вештини и еко“ од Долна Нормандија изјави дека преку проектот може да се очекува поттикнување и развој на локалната економија. ¬ Денеска сакаме да ви ја презенираме целокупната соработка за преработка на ароматични и медицински билки, потткинување на локалната економија, соработката на македонски и европски партнери кои што поддржуваат домашното локално производство на природна база, изјави Троле. Василка Стефановска од Слоу Фуд Водно потсети дека учествуваат заедно во проектот „Конзервираме заедно“ во соработката со француската организација и со партнерите од Бугарија и Унгарија и дека искуствата кои се стеканти во однос на начинот на обработката на храната, начинот на кој локалните производители се иницираат да ги пренесат своите знаења е на високо ниво и оти се стекнале со искуства кои понатаму ќе ги споделат во Македонија. Трајан Димковски од „Рурална коалиција“ изјави дека проектот овозможува размена на искуства и рецепти,но и потенцирање на медицинските и лековитите својства на билките. ¬
Мој заклучок е дека имаме повеќегодишна традиција во однос на собирање билки, но она што е правено пред 30 години се уште се прави, додека француските берачи имаа повеќе искуства во однос на пристапот кон пазарот и клиентите, што е побитно. Затоа треба промена во пристапот на пазарот, изјави Димковски. Фармацевтот Кристина Караџинска Неделковска од билна аптека „Херба Стојанови“ од Куманово презентираше производство на алкохолна¬билна тинктура од повеќе билки за релакасација и смирување. Следната година во април македонските берачи на билки ќе ја посетат Долна Нормандија.
Извор: www.mia.mk