Maлите производства на сирење и ЕУ

Оваа година фестивалот Cheese 2015 ќе се занимава со темата за усогласување на Европските регулативи за хигиена, а истовремено да се заштити локалното знаење и традиција.

Решавањето на  прашањата поврзани со хигиенските и мерките за флексибилност за малите производители во однос на Пакетот мерки за хигиена на храна, моментално е најважната тема за малите производители на храна кои се соочуваат со тешкотии поврзани со примена на строгите правила. Како да се заштити традиционалното сирење произведено од сирово млеко, а во исто време да им се обезбеди сигурност на потрошувачите?

На оваа тема ќе се дискутира на Cheese 2015 – од петок, 18 септември до понеделник, 21 Септември во Бра, Италија – за време на конференцијата Maлите производства на сирење и ЕУ, во понеделник, 21 Септември, 2015, во 15:00 часот во Куќата на Биодиверзитетот.

Пакетот мерки за хигиена на храна е заедничко законодавство, кое ги опфаќа сите фази на производството, обработката, дистрибуцијата и продажба на храна наменета за консумација.

Сепак, во некои земји – особено во оние кои се подготвуваат за влез во Европска Унија (ЕУ)– малите производители на млеко се под закана  и принудени да се повлечат од бизнисот во услови на строгата примена на Европските стандарди за безбедност на храната. Пример, во Турција и Македонија постои тенденција Владите да брзаат во примената на нови правилници и регулативи најчесто без соодветно разбирање на европските насоки. Ова предизвикува малите производители да мораат брзо да се прилагодат при што ја жртвуваат автентичноста на својот производ во замена за стандардизиран производ кој е во согласност со законот.  Производителите на традиционалните сирења се соочуваат со големи тешкотии да се прилагодат на наметнатите барања, кои вклучуваат одржливи трошоци за нивни развој, како полу-индустријализација на нивните производи.

Како дел од Еразмус+ проектот, координиран од страна на Ардахан Универзитетот (Турција), Слоу Фуд Италија соработува со шпанска организација Кве Ред (Шпанија), Слоу Фуд Битола (Македонија) и Здружението Богатеп (Турција). Проектот има за цел да ги заштити традиционалните сирења, предложуваќи насоки врз основа на флексибилна примена на хигиенските регулативи за храна, а тоа ги зема во предвид традиционалните аспекти за прозводство на сирење. Преку размената на добри практики, Слоу Фуд сака да докаже  дека малите производители на традиционално сирење можат да го задржат своето производство, кои влегуваат во ЕУ со автентично сирово млеко претставуваат одраз на карактерот и традицијата на нивната нација, а со тоа се безбедни и за потрошувачите.

На конференцијата на Cheese во понеделник, 21 Септември свое излагање ќе има: Ремедиос Караско координатор на Кве Ред;  Ангел Непомучено, инспектор за официјални здравствени прегледи во Шпанија, Емануела Черути, производител и координатор на Президиумот на Слоу Фуд-Тума Макагн, Елена Каровска, Слоу Фуд Битола, координатор за проектот на Еразмус Плус во Македонија; Илхан Кочулу, производител на Карс Гравиери, традиционално тврдо сирење кое се произведува и консумира во источниот дел на Турција, каде кравите пасат на надморска височина од 1800 метри. Карс Гравиери сега е во опасност од изумирање поради зголемената индустријализација во процесот на производство на сирење, намалувањето бројот на говеда од  автохтоните раси во регионот и строгите регулативи на Европската Унија.

Помеѓу турските сирења сериозно загорезни од ограничувањата од страна на  регулативите за хигиена на храна ќе има можност да се пробаат на Cheese:  Карс Гравиери од Богатепе, исто така од Туркменистан Сачак едно од најстарите сирења во Кавказ.

Од Македонија ќе бидат претставени: сирења од президиумот  Маврово-Река вклучувајќи го Галичкиот кашкавал и Бело сирење, произведено во мандрите на зелените пасишта во Националниот Парк Маврово, Западна Македонија. Истотака ќе го понудат и Биеното сирење од Мариовскиот регион, чие производство датира од времето на Отоманската Империја. Полуномадското овчарство и производство на сирење од сирово млеко во овие планински области сеуште претставува важна економска активност и се директно поврзани со културниот идентитет на овие области кои треба да се зачуваат и промовираат.

Cheese 2015 е основана од страна на компаниите кои веруваат во иднина на квалитетен млекарски сектор, вклучувајќи официјални партнери: Consorzio Parmigiano Reggiano, Lurisia, Pastificio Di Martino and Radeberger Gruppe Italia.

Cheese, е меѓународен биенален настан организиран од градот Бра и Слоу Фуд, кој ќе се одржи во Бра (Италија) од петок, 18 Септември до понеделник 21 Септември, 2015. Посветен на сирењето во сите форми, настанот ќе придонесе за формирање на меѓународна мрежа на производители на сирење и  занаетчии за млеко, и ова ќе биде неговото десетто издание.