Macbee.org: МЕД ОД APIS MELLIFERA MACEDONICA НА „ТЕРА МАДРЕ БАЛКАН 2018“ ВО БРИСЕЛ

Прес прегледMacbee.org: МЕД ОД APIS MELLIFERA MACEDONICA НА „ТЕРА МАДРЕ БАЛКАН 2018“ ВО...

Сподели

На годинашната манифестација „Тера Мадре Балкан “која се одржа од 21 до 23 мај во Брисел, помеѓу останатите македонски традиционални производи, посетителите имаа можност да го дегустираат и медот од македонската автохтона медоносна пчела од президиумот MacBee. Слоу Фуд Македонија преку заедничката соработка со уште осум регионални Слоу Фуд организации ја искористија можноста пред европратениците да ги претстават потенцијалите на балканскиот регион во поглед на традиционалната храна, богатството на вкусови, гастрономското наследство, заштитата на биодиверзитетот и руралниот развој. Преку повеќе презентациски и работни сесии, дебати, панел дискусии, работилници, заедничко креирање на менија и соработка помеѓу производители, експерти, активисти и готвачи, беа ставени во фокус повеќе интересни теми поврзани со ЕУ легислативите за производство на традиционални производи и потенцијалите и руралниот развој на западен Балкан во насока кон евроинтеграциите.

„Тера Мадре Балкан 2018“во Брисел е само уште една потврда дека благодарение на соработката помеѓу Слоу Фуд Македонија и MacBee, медот од Apis mellifera macedonica полека се промовира и станува препознатлив како посебен, квалитетен и особено ценет производ во светот, што претставува особена чест за секој македонски пчелар.

Објавено на: 29/05/2018
Медиум: http://www.macbee.org/en/

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...