Доделување награди и изложба на 10-те најдобри фотографии од првиот фотографски натпревар „Вики ја сака храната“ ќе се одржи на 16 декември во организација на Википедија на македонски јазик, Споделено знаење и Slow Food Macedonia.
„Вики ја сака храната“ (Wiki Loves Food) е фотографски натпревар кој за првпат е почнат во 2015 година од страна на „Викимедија Индија“. Македонија е втората земја која воопшто го одржува овој фотографски натпревар, а на овогодишниот прв одржан натпревар „Вики ја сака храната“ во Македонија, чија тема беа македонските традиционални јадења и специјалитети, беа прикачени 915 слики од 67 натпреварувачи.
Сликите се прикачени со лиценца CC 4.0. и се за слободна употреба на интернет и во јавноста, со наведување на авторство.
Победници на натпреварот се фотографиите:
1. „Зелник праз“ од Наташа Величковска
2. „Зелник праз“ од Cuklev
3. „Свински колбаси и раженчиња на скара“ од Mila Atkovska
4. „Ѓевреци (домашни)“ од Robssmk
Во рамки на програмата на настанот, Slow Food Macedonia ќе го го одбележи и прослави Денот на Тера Мадре, кој се одбележува секоја година на 10 декември, со главна цел да ги претстави вредностите и дејностите на ова глобално движење кое се залага за зачувување и развој на автентичните македонски вкусови.
Настанот е отворен за присуство од сите учесници на натпреварот и е слободен за заинтересирани граѓани.
Објавено на: 14/12/2017
Медиум: https://makfax.com.mk/
