Медената земја од мој агол

НовостиХрана за размислувањеМедената земја од мој агол

Сподели

Каков хедонизам кон природата и загриженоста за нејзиниот опстанок! Бог не и’ дал можност за учење, но не и’ ја затворил душата! Вознемиреност за палењето, уништувањето… Што утре ќе има, ако го уништи тоа сега?

Заедно со слушнатото и прочитаното за „Медена земја“, (барем на јазици кои „делумно“ ги разбирам) трепливо чекав да дојде ред да го пуштат киното во Кавадарци само за овој филм, па горе наведеното го поставив во функција на увертира. „ Атиџе видена преку очите на другите. Изреката, пола за пчелите – пола за тебе, од која многумина останаа погодени в срце, од: одењето пеш, река, пчелите, децата, давењето, случајноста, камерата, фотографијата, филмската музиката, мајката, трогнатоста.”

Живо ме интересираше ова од други кажано, филмско ремек документарно дело, од причина што и во мојот живот пчелите имаат многу важна и голема улога.

Што видов?

Среде пустелија и голотија, видов, матица! Видов! Веднаш, заплакав. Кој не одел, не умее да го препознае тоа, ниту да го разбере. Душата на една жена распослана храна за пчелите. Мирнотијата е нејзината помирливост со судбината. Додека оди, оди. Таа не жала, таа живее најдобро што може во место кое Бог го одредил за неа. Таа не копнее по друго. Го сака своето, се бори за него на начин кој што и’ личи на една матица. Достоинстевно. Приметивте, неа пчелите не ја касаат! Таа е дел од нив. Друграрки се.

Ви падна ли в очи колку комшијата, насилен и лаком пчелар и’ го наруши мирот? Дали разбравте дека медот на Атиџе кој го продава по десет евра нагоре е медот кој што вие сакате навистина да го сркате, ама за помалку пари? Дали медот на Атиџе има цена? Дали љубовта во нејзиниот живот има цена? Тоа што сака да изгледа убаво има цена? Дали радоста за одењето во Скопје има цена? Бананите за мајка и’ и за неа? Цена има само медот на агресивниот комшија пчелар кој сиот мед им го извади на пчелите и му го продате на човекот со голем мев, кој стрвно и лакомо гризеше од саќето. Подоцна од тој мед, ќе направи два-трипати повеќе мед и вие ќе купите чист мед по пристојна цена, по ваш терк. Ако го разбравте ова, тогаш сме на некој пат низ кој се наѕира себеспасот.

Каков хедонизам кон природата и загриженоста за нејзиниот опстанок! Бог не и’ дал можност за учење, но не и’ ја затворил душата! Вознемиреност за палењето, уништувањето… Што утре ќе има, ако го уништи тоа сега?

А децата, децата… Децата се деца, каде и да се. Постојат мајки џелати, каде и да се. И тинејџерите секаде се исти. Бунт. Не треба да си само пчелар и да врескаш по нив дека не помагаат. Треба да ги ислушаме, послушаме кога имаат што да кажат тие, за нашата „возрасна“ работа.

На Атиџе и’ пријде една таква душа која ете не и’ e син, ама размислува сински.
Стоката во филмот. Таа иста стока стасува до продавниците, до нас. Одгледана чисто, здраво, мачно, потресно, нужно. Ние пак, од една таква крава, правиме, продаваме, купуваме, готвиме две. Тие луѓе, најчесто не знаат што им следува во ова општество, ретко кој оди да им каже. Тие се заборавени како племињата на другата страна на светот.

Смеење. На сцената, кога жената со грб го туракаше камионот да запали, публиката се смееше. Да, се смееја сите кои не туркале така камион со грб. Плачев на таа сцена. Ништо во филомот нема смешно, дури ни дијалозите со болната мајка, која што кажа, го изваде од себе она, дека таа е џелатот на својата ќерка, но времето помина.

Остана Атиџе, сама со поглед кој вели:,, Што и да дојде, ќе го земам во моите раце, но само толку колку што можам, колку што имам сила за тоа.”
Ја сакам Атиџе. Не сме се сретнале, но знам, другарки сме.

Критичка импресија на Цветанка Колева, претседателка на здружението на органски производители „Биовита“, Кавадарци

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...