МИА: Прв салон на домашно, занаетчиско пиво во Скопје

Прес прегледМИА: Прв салон на домашно, занаетчиско пиво во Скопје

Сподели

Домашна пивска сцена? Да. Toa се оние луѓе кои произведуваaт пиво во домашни услови, во кујна, гаража, креативни – секој на свој начин, со многу љубов и почит кон овој древен, корисен и здрав пијалок неправедно деградиран во општеството, што си го бара своето место под сонцето.

Вака порталот sakampivo.mk го најавува првиот Пивски салон што ќе се одржи на 3 март во Скопје. Предвидено е учество на 12 производители од Скопје, Велес, Куманово и Битола, а ќе има и еден гостин од Грција.

– Изложени ќе бидат нашите занаетчиски (крафт) пива, но во строго ограничени количини. Овие пива не можете да ги најдете во продажба зашто се во мали количества. Секој од нас ги произведува за себе и за своите пријатели. Некои се 100 отсто од локални состојки и се вид мал експеримент, односно потврда дека и од тоа што го има тука, на ова поднебје може да се создаде добро пиво, вели за МИА Марјан Костадиновски, еден од организаторите на настанот.

Според Костадиновски, кој е сопственик на порталот sakampivo.mk и производител на занаетчиско пиво од 2010 година, иднината на пиварството е во мини пиварниците. – Крафт пивата се конечно доказ дека пивото повеќе не е едноличен и здодевен пијалок, само за освежуавње во летните месеци, туку пијалок кој има карактер, вкус арома, направен со многу љубов и страст. Може да се споредува со врвните вина во смисла на уживање, комбинирање со содветна храна и, секако, слобода во креирање на дизајнот и етикетите, амбалажата и пакувањето, истакнува Костадиновски. „Време е да пробаш вистинско домашно занаетчиско пиво, бидејќи тоа го заслужуваш“ и Да правиме пиво наместо војни, да градиме мостови наместо ѕидови“, се логоата на првиот Пивски салон.

За содржинско збогатување на настанот се предвидени закуски од традиционална храна, продажба на рачно дизајнирани маици со пивски апликации од модната дизајнерка Мелани Дигит, изложба на креации со тапи од модната дизајнерка за облека и накит Александра Велјановска, како и изложба на првата рачно изработена дрвена кригла.

Пивскиот салон е поддржан од конвивиумот  Слоу Фуд Водно, огранок од мрежата на Слоу Фуд Македонија, како и фејзбук групата „Домашно пиварство Македонија“.

Македонските производители на пиво во домашни услови  во ноември 2017 година организираа собир во Битола, на овој прв мини пиво-фест, како што го нарекоа, беа претставени 10 видови на пиво.

Објавено на: 27/02/2018
Медиум: https://mia.mk/

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...