Еден од најпознатите готвачи во светот, Италјанецот Џанфранко Киарини е во посета на Скопје.
Готвачот ќе приреди гастрономски перформанс, комбинираќи уметност храна и вино, а ќе одржи и семинар наменет за професионални готвачи.
Сите љубители на извонредната храна, на 12 и 14 октомври 2016, ќе може да присуствуваат на готвачките перформанси на Киарини во Скопје. Тој во ресторанот Хантерс Лоџ Камник во Скопје ќе подготвува мени од 5 јадења, а бројот на места е ограничен на само 80 лица по вечер.
На 7 октомври италјанскиот готвач во винскиот клуб Камник ќе одржи специјален семинар наменет само за професионални готвачи.
Заинтересираните гости треба да си обезбедат билет, со што се добива и резервација на место.
Билетите ќе бидат достапни во продажба од денеска (3 октомври) во ресторанот Хантерс Лоџ Камник.
Објавено на: 03/10/2016
Медиум: https://www.mkd.mk/