МЛЕКО 2022: Како да го „биеме“ млекото?

Традиционално, нашите мајстори и мандраџии го „биеле“ млекото за да добијат биено сирење-производ  со кој  сите се насладуваме и се гордееме.

Но, како денес да се произведе вистинско сирење со препознатливиот вкус, а тоа да биде исплатливо и достапно за секого?

 Преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да ја отвориме дебатата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.

Затоа, четвртото издание на МЛЕКО 2022 го трансформираме во голем фестивал, отворен за секого, со бројни содржини и интересна понуда.

И не случајно Прилеп, градот со богата традиција на производство и продажба на сирење е домаќин на овој фестивал.

 На 3 септември 2022, во срцето на градот, околу прилепската саат кула, како на дланка ќе ви бидат понудени чудесни бои, мириси и вкусови.

Добредојдени се сите сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти и сите оние што едноставно сакаат да уживаат во веселата дружба  и во различноста на вкусовите.

Секој ќе  може:

  • да изложи и презентира вистински сирења
  • да се вклучи во дебатите и дискусиите
  • да дегустира и да купи од понудените сирења
  • да се дружи и да ужива во фестивалот

Добредојдовте на МЛЕКО 2022!

Повеќе за настанот следете не на Facebook настанот.

#МЛЕКО2022 #Биодиверзитет #Традиција #БИЕНО #SlowFood