Home Новости Бавни вести Најубави желби од целата мрежа на Слоу Фуд

Најубави желби од целата мрежа на Слоу Фуд

0
Најубави желби од целата мрежа на Слоу Фуд

Почитувани,

Посакавме Дедо Мраз во Новата 2021 да не дарува со програма која треба да биде грижлива кон одржливата, циркуларна економија и локалните заедници, кон оние што се залагаат за зачувување на биодиверзитетот, животната средина и пејзажите, кон оние што живеат во малите села, кои ја обработуваат нашата земја  и не ги напуштаат високопланинските предели. Програма грижлива кон оние консументи кои избираат со глава и срце, кои размислуваат да им остават жива планета на нашите деца. Програма што ги става климатските кризи, почитта кон фармерите и работниците, убавината на нашата Македонија на врвот на агендата.

Во меѓувреме, секој ден ние во Слоу Фуд, се обидуваме да ја отелотвориме таа програма, тропајќи на вратите на локалните, националните и меѓународните институции, информирајќи ги консументите и поддржувајќи ги производителите.

Нашата најголема желба е нашата мисија да стане реалност во Новата 2021 година:

  • секој има пристап и да ужива во #ДОБРА храна
  • секој производител да произведува #ЧИСТА храна
  • секој активист да се залага за повеќе #ПРАВИЧНА храна

Најубави желби од целата мрежа на Слоу Фуд ❤❤❤