#ПосенПеток: Најубавите шест црвени пиперки

Слоу Фуд кујна#ПосенПеток: Најубавите шест црвени пиперки

Сподели

Предлог рецепт на Драгица Христова, уредничка на порталот Арткујна, за #ПосенПеток. Нејзиното интервју можете да го причитате тука.

Состојки:

 

6 големи црвени пиперки

1/2 кромид

1 модар патлиџан

250 г свежи шампињони

1 филџан булгур

1 црвен домат

1 големо чешне лук

зачини по желба (сол, црн пипер, копар, мешан сув зеленчук, лут црвен пипер)

 

Подготовка:

Испржете го кромидот, па додадете го сечканиот модар патлиџан и сечканите печурки. Пропржете се заедно, па додадете го булгурот, ситно сечкано лукче и зачините.

Наполнете ги пиперките и затворете ги со тркалце црвен домат и наредете ги во намрсена тепсија, па додадете малку вода. Покријте ги со фолија и ставете ги во загреана рерна. После 30-тина минути, односно, додека пиперките не омекнат, извадете ја фолијата и печете ги уште некое време (десетина минути).

Мирисаа навистина преубаво, како што секогаш мирисаат овие убави црвени пиперки.

По желба додадете неколку ливчиња свеж босилек и секако, салата од краставица и салата од шери доматчиња.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...