NASATV.COM: СИЛНИ МАЛИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ВОДЕНИ ОД БИЗНИС

Малите производители имаат иновативни идеи кои ги преточуваат во бизнис, создавајќи производи кои треба да станат конкурентни на пазарот.

Затоа, е значајно да станат  ,,Силни мали производители водени од бизнис” преку   поддршката што им е овозможена, особено во време на пандемијата, кога тие претрпеа многу големи штети, со намалени продажби и приходи.Локалните мали производители и работниците од синџирот на локално производство и преработка, се соочени со предизвиците на откривање на нови канали на дистрибуција,а притоа под закана од невработеност и слаб пласман на нивните производите на пазарот. Затоа, преку  проектот  ,,Силни мали производители водени од бизнис”, на Impact Foundation, Slow Food Macedonia и Woman in Tech,  поддржале 20 мали бизниси преработувачи на локална храна и пијалоци во подобрување на бизнис моделот, менторска поддршка во процесот на имплементација на бизнис моделот, подобрувaње на промоцијата и поврзување со нови канали на дистрибуција и продажба на производите.

Овој Проект е спроведен со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME).Со оваа поддршка, овозможен е  инклузивен и оддржлив раст на малите производители на храна, и воедно континуиран пораст на локалната економија и искоренување на невработеноста.Успехот на малите производители е под влијание на повеќе фактори. Меѓу нив, значењето на менторската поддршка во поставувањето на бизнис моделот за да може тој да функционира добро и да дава позитивни резултати. Изработен бизнис модел и менторство при спроведување на истиот, со јасни насоки на кои ќе се насочува во иднина,како и  можност да се промовираат преку социјалните медиуми. На ваков начин на  малите производители се овозможува поголема видливост и  полесен и директен пристап до  купувачи.

На оваа тема во емисијата, анализа со соговорниците:

Сања Бачевски – производител на микробилки

Александар Клинчаров – Семејна Винарија Клинчаров

Весна Јаневска – производител на преработки од овошје и зеленчук од Росоман

Валентина Митрова – сопственик на „Евал“ и брендот ТУФ

Горан Балески – претставник на Прва Органска Задруга Валандово

Филип Џамбазоски – претставник на Импакт Фондација