Нашите дејствија се нашата иднина – светски ден на храната

Светот Без Глад #ZeroHunger
до 2030 година е возможен

ПОКАНА

Почитувани,

Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на настан по повод одбележување на Светскиот ден на храната, на 16 октомври 2018 година (вторник) во ООУ “Аврам Писевски”, с. Бардовци, Скопје, со почеток во 10:30 часот.

Настанот го организираат Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со ООУ “Аврам Писевски”, граѓанските организации“Слоу Фуд Водно”и“Ајде Македонија”.

Секоја година, на 16 октомври, ФАО, во повеќе од 130 земји во светот, заедно со националните партнери (владите, академијата, граѓанските организации, приватниот сектор, земјоделците) го слави својот роденден, преку глобална прослава позната како Светски ден на храната. Целта за Светот Без Глад или SDG 2 (да се стави крај на гладот, да се постигне достапност на храната и подобрена исхрана за секого, да се унапреди одржливото земјоделство и да се искорени сиромаштијата) е во сржта на мисијата на ФАО и една од 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите Нации што треба да се остварат до 2030 година.

Колективниот напредок во многу земји за искоренување на гладоте успорен како резултат на воените конфликти, зголемувањето на екстремните временски настани поврзани со климатските промени и забавениот економски напредок на глобално ниво.

Според последниот извештај на ФАО, денес, над 815 милиони луѓе, страдаат од хронична неисхранетост. Во исто време, нивото на дебелина драстично расте во многу земји. Во 2017 година, 2,6 милијарди луѓе биле со прекумерна тежина (30 проценти од светското население), од кои 38 милиони деца под петгодишна возраст.

Оваа година, Светскиот ден на храната, под мотото “Нашите дејствија се нашата иднина”повикува на посветеност на секој поединец како иполитичка поддршка кон одржлив свет ослободен од глад и сите форми на недоволна исхранетост. ФАО повикува на колективен напор кон здрава исхрана, кој вклучува, воведување на здрава исхрана во наставните програми, усвојување на методи за намалување на загубите и отпадот од храна, и олеснување на пристапот до локална, свежа и нутритивна храна произведена од малитеземјоделци.

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХРАНАТА ВО МАКЕДОНИЈА, СО ФОКУС НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ

Како агенција на Обединетите Нации одговорна за борба против гладот во светот, задачата на ФАО е заедно со партнерите да работи на градење нагенерацијата на Свет Без Глад.

Децата и младите се дел од генерацијата која може да го искорени гладот од планетата. Тие можат да научат како со менување на едноставни секојдневни навики, можат да го намалат отпадот, да се хранат поздраво, паметно да ги користат природните ресурси и да водат поодржлив животен стил.

Тие, исто така, можат да станат амбасадори на позитивни промени и надеж, помагајќи да се подигне свеста за тоа како секој може да го промени начинот на размислување – државите, носителите на одлуки, малите компании, големите корпорации и академијата.

УЧИЛИШНА ГРАДИНА – УЧИЛНИЦА НА ИДНИНАТА
Проект на Слоу Фуд Водно- Поддржан од Град Скопје

Училишните градини се ефективен концепт за практична едукација на младите генерации за одгледување и производство на храна, градење почит кон храната и се што е поврзано со нејзино производство – како појдовна точка на креирање промени во насока на остварување на Целта за одржлив развој 2 – Zero Hunger.

Со промоција на новата училишна градина во ООУ “Аврам Писевски”, с. Бардовци, Скопје имаме за цел да ја подигнеме јавната свест за тоа како концептот на училишни градини може да помогне да се зголеми знаењето, љубовта и почитта на младите генерации кон одржливо производство на храна и здрава исхрана, со посветеност на животната средина и грижа за заедницата.

Почитувани,

Се надеваме дека ќе ни се придружите за да го одбележиме Светскиот ден на храната на 16-ти октомври во Скопје.

Свет Без Глад значи да работиме сите заедно за да се обезбеди секој, насекаде, да има пристап до безбедна и здрава храна. За да го постигнеме тоа, ние мора да прифатиме поодржлив животен стил, да работиме со другите, да го споделуваме нашето знаење и да бидеме подготвени да помогнеме во промена на светот – на подобро.

“Нашите дејствија се наша иднина”!

АГЕНДА ЗА НАСТАНОТ

ВремеАктивност
10:30
Двор на ООУ Аврам Писевски:Кусо обраќање од директорката на ООУ Аврам Писевскии претставување на активностите од настанот
10:40Изјави за медиумите
• Директорка на ООУ “Аврам Писевски”, г-ѓа Матилда Бајкова
• Градоначалник на Општина Карпош, г. Стефан Богоев
• Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Љупчо Николовски
• Министер за образование и наука, г. Арбер Адеми
• Постојана координаторка на ОН, г-ѓа Лујза Винтон
• Организација за храна и земјоделство на ОН (ФАО), г-ѓа Вилма Даугалиене
• Слоу Фуд Водно, г-ѓа Василка Стефановска
• Ајде Македонија, г. Блаже Јосифовски
10:50Во училница:
Кратка презентација од страна на Ајде Македонија на видео анимацијата за млади на ФАО за Светскиот ден на храната Заедно можеме да стигнеме до целта #ZeroHunger и предавање за учениците врз основа на Работната тетратка на ФАО за млади “Да Делуваме за Свет Без Глад”
11:05Излегувањево дворот на училиштето:
• Презентација на Училишната градина- училница на иднината од страна на Слоу Фуд Водно
• Кратка работилница со децата и присутните (пресадување билки)
11:2511:25 На платото пред влезот на училиштето ќе се одвиваат паралелни активности:
• Креативна активност – децата ќе цртаат постери за учество на глобалниот Конкурс на ФАО за постер по поводСветскиот ден на храната 2018 (инспирирани од Работната тетратка на ФАО“Да Делуваме за Свет Без Глад”преку нивните цртежи-постери треба да прикажат својата идеја за остварување на Целта Свет Без Глад.
(Неколку примери од изминатите години: http://www.fao.org/world-food-day/2017/contest/poster/en/)
• Пазарче на локални производи – каде учениците заедно со локалните производители ќе продаваат свежо овошје/зеленчук и нивни преработки (мармалад од шипка, слатко од капина, чаеви)
11:40Крај на настанот

Ве молиме потврдете го вашето присуство најдоцна до 15 октомври, 2018 (понеделник)на некој од следните контакти:

• Матилда Бајкова, Директор, ООУ “Аврам Писевски” direktor@oouavrampisevski.edu.mk
• Радмила Славкова, ФАО radmila.slavkova@fao.org
• Блаже Јосифовски, Ајде Македонија blaze@ajdemakedonija.mk
• Василка Стефановска, Слоу Фуд Водно vased94@yahoo.com