Дренакот и бело зимското грозје дар од природата кој мора да се заштити

Македонија не ретко се нарекува и како „Земјата на виното“. Тоа не е случајно а ниту погрешно а сигурно и вие ќе се согласите ако барем еднаш пробате од божјата капка која се произведува на виногорјата ширум оваа земја, држава или регион кој секако опфаќа многу поголем дел од сегашнава дефинирана како Република Македонија. Но, да не застраниме кон погрешни теми да се вратиме на грозјето и виното. Тоа е навистина дар од Бога, а кога станува збор за нашата земја тогаш тој, Бог, навистина бил дарежлив. Дарил и плодна почва и чиста вода, и благи падини и долини или висорамнини погодни токму за одгледување винова лоза. Таа па по својата генетика или популарно наречно сорта се разгранила во многу вкусови, мириси, примеси впиени од околината кои само тука можеш да ги сретнеш.

Но пред да продолжиме со детално истражување на дел од овие бои, мириси, вкусови, чувства генерално кои ако еднаш ги вкусите засекогаш ќе бидат врежани во вашара свест но и подсвест да видиме што вели историјата. Се претпоставува дека виното како пијалок, е старо околу 6000 години.Се смета дека потекнува од Грузија. Виното како пијалок на Европска почвасе појавува пред околу 4500 години. Мошне дискутабилно е дали овојвременски термин е врзан со влез на технологијата за да се добие вино, илитоа одело паралелно со навлегување на винова лоза од Грузија конМедитеранот. Климатските услови, надморската височина, карбонизираната ивулканска почва на медитеранското крајбрежје, но и подлабоко, одговара навиновата лоза.

Бело зимско грозје, фото кредит © Different photography

Климатските услови имале посебно влијание кога е во прашање технологијата на производство на вино. Имено, топлотомедитеранско сонце коешто овозможува голема шеќерност кај грозјето,негативно се одразува при ферментирањето, бидејќи топлината овозможувабрза ферментација на виното, но исто така и релативно брз процес натрансформација во оцет. Старите народи, пред сè Македонците, користелесолена вода или вар, со коишто пак, е успоруван процесот на киселење навиното. Ние, навистина имаме голема среќа, што во Македонија сепроизведуваат едни од најквалитетните вина во светот, вина богати со фенол,но пак, од друга страна, многу малку работиме на промоција на винскатаконзумна култура, не како дел од светскиот тренд, туку како пијалок којпозитивно делува на здравјето на човекот.

Како едно од специфичните гроздови насади кои со векови се одржале на нашето поднебје се бело зимското грозје и дренакот. Токми тие се среќаваат во централниот и јужниот дел на државата а најзастапени се во околината на Неготино, Валандово, Кавадарци. Цврсти зрна набиени едно до друго со кристално полупрозрачна маса на зрната се само дел од епитети сокои би го опишале дренакот. Спротивно на него бело зимското грозје е со зеленикаво жолта боја и со исто така цврста градба на гроздот и цврсти здрна. Во минатото овие две сорти биле многу ценети кај народот бидејќи биле трајни грозја кои закачени некаде во визбите биле едни од ретките освежувања во текот на зимскиот период. Токму поради овие две сорти македонскиот народ имал свежо грозје и во ладните денови што сега се среќава многу ретко а во приказната не е вклучен увозот на странски сорти грозје кои се строго индустриско произведени. Во околината на Валандово има неколку ладилници за овошје во кои најдовме едвај стотина гајби со дренак и бело зимско грозје. Наредени едно врз друго го чекаат својот купувач кој треба да ја препознае нивната вредност и посебност. Валандовчани велат дека се губи интересот кај земјоделците да ги засадуваат овие сорти оти пазарот диктира други текови. Сепак има исклучоци кои пркосат на тие трендови и се уште ни обезбедуваат можност д аги пробаме овие дарови од приридата кои ги дава оваа почва, ова поднебје.

текст: Жарко Василевски
фото кредит © Different photography