nomads.mk 5 години „Сакам Пиво“ и Крафтинг Пивски Салон 2019

Порталот за промоција на пивото и пивската култура ја прославува својата 5 годишнина од својата ентузијастичка работа. Регистриран во 2015 година како сакампиво.мк, односно веднаш по затварањето на сајтот пивотека.мк продолжи со активностите на промоција и ширење на културата на конзумирање на овој древен пијалок.

Овој пат малку поорганизиран и со сиот ентузијазам, страст, лудост и храброст одлучив за оваа прва јавна промоција од малку поголем тип барем за мене и прва поголема пивска забава на отворено. 5 години ентузијазам + 10 години визија со претходното искуство од Пивотеката, свесен за сите недостатоци, сакампиво.мк се трудеше да биде портал за сите вистински љубители на пивото, но и на оние кои не го сакаат пивото да ги убеди во тоа. Исто така од самите почетоци целта беше да се развие и сцената на домашното производство на пиво, кое беше и основната идеја за организирање на настаните од овој тип, со единствена желба и мотив конечно и ние да го фатиме трендот кој почна како вирус да се шири не само но нашето соседство, туку веќе е традиција од поодамна и во Европските земји. За жал сеуште сме заглавени во лавиринтите на институциите, сеуште не можеме да најдеме некој заеднички јазик за доброто на сите. Иниституциите поради тоа што гледаат еднострано и само својот личен интерес, производителите поради малите количини и скриениот страв од јавна промоција и презентација. Се организираат некои трибини и дебати, но поради нивната неинформираност Сакам Пиво.мк никогаш не доби официјална покана да учествува на некоја од нив и покрај тоа што стои како медиум зад сите овие настани.

Организацијата Слоу Фуд Македонија, застана во поддршка зад сите овие активности уште од првиот емаил од страна на Николче Николовски (претседателот на Слоу Фуд Битоа) и како резултат на тоа во 2016 година во Битола ја организиравме првата промоција на преведениот водич од Италија од серијалот Мастери за храна „Чисто добро и коректно пиво“ каде што се дегустираа дел од некои домашно произведени пива за тој период, на кој учествуваа Александар Матевски (професионален брумастер), Пеце Цветковски (тогаш претседател на Слоу Фуд Битола и сопственик на комплексот вила Дихово) и Марјан Костадиновски (авторот на порталот и организаторот на Крафтинг Македонија).

 Во 2017 година во Задруга артикултура во Битола спонтано се случи и првиот есенски празник на домашното пиво на кој земаа учество околу 10тина производители од Битола, Скопје, но и специјален гостин од Лерин учителот Ставрос Зографос. За прв пат јавно прозборевме и дегустиравме пива од домашни производители.

Во меѓувреме Сакампиво.мк имаше партнерска соработка со организацијата Слоу Фуд Македонија преку кои организираа разни настани на дегустации на домашни пива, учество на неколку настани во Италија организирани од страна на Слоу Фуд Италија на Тера Мадре Салоне дел густо, посета на неколку работилници во организација на Quality Beer Academy..,

на 3ти март во арт кафето Кашмир се случи и првото издание на Крафтинг пивскиот салон кој побуди огромен интерес со тоа што посетители имаше речиси од сите краишта на Македонија, но главниот недостаток освен организациските слабости беше и неподготвеноста на учесниците да се претстават со своите продукти, па така имавме случаи кога некои се појавија со само 6 пива например .) но ни даде надеж дека конечно нешто ќе почне да се случува на овој полед.

22 декември во Кинотека на Македонија во тие ладни студени денови на отворен конкурс се пријавија 15 тина учесници производители на домашно пиво, но и за прв пат имаше јавна дебата за законската регулатува која ја водеа Александар Матевски, проф др Дане Бошев, Николче Николовски од Слоу Фуд, Ерзанија Кипријанова од Царинска Управа…

Најголемото искуство Сакам пиво.мк го стекна оваа година во февруари на покана на Лоренцо Дабове да учествува во интернационалното жири на манифестацијата Birra Del Anno  на која што се бираше италјанско крафт пиво на годината со што подоцна влезе и во мрежата на акредитирани дегустатори/судии European Beer Consumption Union EBCU кои се организатори на сите манифетации од овој тип и се одржуваат еднаш годишно во Австрија, Холандија, Бегија, Лондон…

Исто така, сакампиво.мк редовно учествува на натпреварите за домашно пиво, според категоризација на стандардите од BCJP, и тоа два пати во Софија, со свое пиво но и како член во жири комисијата. Исто така потврдено учество има и на настаните во Нови Сад,Загреб, Прага и се надеваме во Монц, Белгија. оваа година.

Планови за оваа година се исто така конечно издавање на книгата „Во светот на пивото- Пивски приказни“, како и планираниот водич или прирачник за домашно правење на пиво.

Би сакал и во оваа прилика огромна благодарност да искажам до сите оние кои на некој начин придонесуваа да остане овој портал во живот. Неотел, каде што се хостира сајтот, Неоком, Слоу Фуд Македонија, емисијата ЕКОБАЛАНС, утринската програма на тв Сител, порталот АРТ КУЈНА, продавницата за суровини и опрема за пиво ПИВОДРОМ, Еурохендл Кавадарци, Хоризонт Скопје, Наше Македонско пиво, првата крафт пивара во Македонија Темов, Глобал Такси, Винарија Попов, Староградско пиво, и со голема гордост и радост ја објавувам и соработката со Пивара Скопје кои оваа година исто така имаа 95 годишнина од најголемиот пивски бренд во Македонија.

Најголема благодарност и до сите учесници на Крафтинг пивскиот салон, во изминатите и идните изданија кои ги планираме. и покрај со неколкуте неусогласувања со некои од нив и концептуалните разлики и ставови меѓу нас, соработката мора да продолжи, зошто само сите заедно можеме да придонесеме за развој на пивската култура и во нашата земја на истото ниво како што е и во европските. поинаку не бива.

18 мај 2019 година музеј на Македонија, плато пред Куршумли Ан од 12 до 20 часот.

Покрај Пивара Скопје кои фокусот на оваа манифестација ќе го имаат со нивното Скопско нефилтрирано, ќе има и од другите пива кои ги има во нивното портфолио, Скопско Смут, Скопско црно, Скопско радлер, Лашко, Хајнекен и Амстел. потоа Наше Македонско Пиво за прв пат со свој штанд, Крафт Пиварата Темов, од увозните брендови ќе бидат присутни чешкото пиво Приматор со нивниот Стаут, и безглутенското пиво Целиа, и 10тина домашни производители на пиво, 4 компании кои ќе имаат информативни штандови во врска со суровини, опрема и интрументи за производство на пиво, коктел програма подготвена од месната индустрија Солета и од пекара Силбо, музичка програма со домашни дј артисти.

Со жалење го прифатив и одбивањето на учеството на некои од увозниците, од кои очекував нивно присуство, а кои веќе претходно ги најавив и сепак имам разбирање и за нивната одлука од лични искуства пред се. 

Влез е 200 денари во препродажба преку мрежата на мк тикетс, регуларна цена е 250 ден.

Чашите се подигаат на врата на денот на настанот, цената на пива кај домашните производители е 100 ден. но ке има и некои екслклузивни примероци.

Објавено на: 08/05/2019
Медиум: https://nomads.mk/