Oстерија Франческана: Најдобар ресторан во светот за 2016

osteria-francescana-bottura

Лоциран во Модена, мало централно гратче на северна Италија, ресторанот „Oстерија Франческана (Osteria Francescana)“ беше прогласен за „Најдобар ресторан во светот“ на доделувањето на наградите за 50 најдобри ресторани на 2016-та година.

Неодамна, модната компанија Mr Porter реши да отпатува до Модена и да сними филм за тоа што се случува во овој ресторан.

Во видеото е интервјуиран и главниот готвач на „„Oстерија Франческана “, Масимо Ботура.

А, меѓу другото ќе имате можност и да погледнете каква филозофија стои зад најдобриот ресторан на светот, местото кое Масимо го дефинира како „лабораторија на идеи, инспирирани од културата“.

Отпатувајте до Модена и погледнете како изгледа најдобриот ресторан на светот.

фото кредит  © Mr Porter