Основачко собрание на Слоу Фуд Охрид

Почитувани Охриѓани и пријатели на Слоу Фуд,

Основачкиот одбор на Слоу Фуд Охрид свикува Основачко собрание на конвивиумот “Слоу Фуд Охрид”, Охрид.

Основачкото собрание претставува многу значаен момент при формирањето на конвивиумот Слоу Фуд Охрид, настан на кој ќе се овозможи демократско учество на сите членови при носењето на одлуката за основање на конвивиумот и изборот на раководните органи на здружението.. Затоа ве покануваме со вашето присуство да дадете придонес во носењето на одлуките на овој највисок орган на нашата организација.

Собранието на конвивиумот ќе се одржи на 16.02.2022 година, од 17.30 часот, во вилата Мал “ Св. Климент”, адреса: ул.Методи Патчев бр.10, Охрид.

Собранието на конвивиумот се свикува врз основа на следниве точки на:

Дневен ред:

1. Именување на претседавач и преседателство на собранието;
2. Назначување на записничар на собранието;
3. Презентација на организацијата Слоу Фуд
4. Планови за новиот конвивиум Слоу Фуд Охрид
5. Избор на изборна комисија на конвиивумот;
6. Донесување на одлука за основање на Слоу Фуд Охрид
7. Разгледување на Статут на Слоу Фуд Охрид и
8. Донесување на Програма на конвивиумот
9. Презентација на кандидатурите и избор на членови на Управен одбор на конвивиумот;
10. Презентација на кандидатурите и избор на Лидер на конвивиумот;
11. Разно

Важно:
• Ве информираме дека секој може да стане член на конвивиумот и ќе може да учествува на собранието;
• Членството се регулира со пополнување на формулар за членство и уплата на годишна членарина од 300 денари;
• Потсетуваме дека собранието на конвивиумот се одржува на овој повик, кој го испраќаме по електронски пат.

Затоа, ве молиме потврдете го вашето присуство што е можно поскоро со испраќање на е-меил, или повеќе информации можете да добиете, кај лицето за контакт:
Проф. д-р Ангела Паскуале:
• Мобилен тел: 071232436
• Емеил: avasileska@yahoo.com

Со почит,

Основачки одбор на конвивиумот Слоу Фуд -Охрид

Следете ги активностите на Слоу Фуд Охрид на нивата фејсбук страница: https://www.facebook.com/slowfoodohrid