Покана за медиуми: Промоција на Слоу Фуд гостилници 2021

Почитувани,                                                                                                                                         

Ни представува особена чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на првиот водич за добра и автентична храна кај нас насловен како „Слоу Фуд гостилници“, во четврток (23 септември) во 13ч. во кафе книжарницата „Литература“ (ул. „Македонија“ бр.21, карши спомен куќата на Мајка Тереза).

Зошто „Слоу Фуд гостилници“?

Затоа што ја пресликуваат традицијата и ги применуваат принципите на современата  кујна, го почитуваат старото што го сервираат во новото, правејќи вкусна симбиоза од минатото и иднината.

Водичот го претставува гурманското богатство на 17 интересни гостилници во нашата земја, што ја промовираат регионалнaта кујна, локалните вкусови и нашиот гастрономски идентитет. Предложените места, ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино.., ја потврдуваат тезата дека кај нас во Македонија поради сонцето, гостопримството, амбиентот и пред се, вкусната храна, навистина добро се јаде.

Како ќе препознаете Слоу Фуд гостилница?

Знак на распознавање е црвеното полжавче што се наоѓа на вратите на локалите а тоа потврдува дека потеклото на храната е локално, високо квалитетно и произведено од малите фармери и занаетчии. Полжавчето ќе ви биде патоказ кон местата каде добро се јаде и пие, дека токму таму има мени- репрезент на локалната кујна што обезбедува одличен квалитет и фер цени во менито.

За ова и за уште многу интересни работи поврзани со „Слоу фуд гостилници“ ќе  дознаете на промоцијата на 23 септември.

На настанот ќе бидат запазени сите актуелно важечки протоколи донесени од Министерството за здравство.

Ве очекуваме!