Анкетен прашалник за мали производители

Прашалник за мали производители на производи од животинско потекло.

Слоу Фуд Македонија спроведува анкета за да го утврди степенот информираност и интересот за регистрација според барањата од Правилникот за производство и ставање во промет на мали количини производи од животинско потекло, кој нуди повеќе флексибилни решенија. Истовремено со помош на анкетата би се добиле информации околу нивото на познавање за минималните хигиенски услови кои секој еден производител треба да ги применува во својот производствен капацитет.

Добиените информации ќе бидат од полза во подготовката на Анализa за состојба на терен во однос на постоењето на производители со потенцијал за регистрација и проблемите со кои се соочуваат во процесот на регистрација. Притоа ќе бидат утврдени и потребите на производителите во однос на примената на мерки за унапредување на сопствените производства во насока на примена.

Крајната цел на Слоу Фуд е да се поддржат локалните производители на храна од мал обем во процесот на регистрација на нивните производни капацитети и истовремено да се разменат добри практики и примери, со што би се создале услови за социо-економски развој на руралните средини и примена на концептот „зелена економија“.

Ве покануваме да дадете придонес во истражувањето со пополнување на прашалникот ТУКА.