Нашиот заеднички избор, може да влијае на начинот на кој се одгледува и произведува храната, со цел на Светот да му се овозможи здрава, чиста и квалитетна храна.
Слоу фуд, го поттикнува секој да забави во животот и да ги користи своите сетила и свесно да ужива во квалитетот на храната, да научи да избира добра храна, произведена во хармонија на животната средина и локалната култура.
Слоу Фуд го измисли терминот копроизоводител, со цел да ја потенцира моќта на потрушувачите.
Ко-производителите, можат да ги поддржат локалните земјоделци, рибари, сточари, млекари и т.н., не само со купување на нивните продукти исто така и со ширење на голем број информации и совети кои тие ги нудат.
На овој начин, можеме да научиме повеќе за квалитетот и да ги зголемиме нашите знаења, колку е важно нашиот дневен оброк да биде здрав и вкусен.
Чекори бавно во својот живот
- Одгледувај сопствена храна. Макар и тоа да е на твојот прозорец.
- Купувај разновидни производи. Зготви ги. Изеди ги.
- Купувај локална храна. Дознај што се одгледува и подготвува во таа сезона.
- Избегнувај преработена храна, со голем број на состојки. Јади вистинска храна.
- Секогаш кога е можно, дознај за потеклото на храната која ја купуваш.
Чекори бавно во својата заедница
- Приклучи се на локалната Слоу Фуд заедница.
- Придружи се на локалната заедница и произведувај храна заедно со останатите.
- Ракувај се со рацете од кои се храниш. Запознај ги луѓето кои ја произведуваат храната која ја консумираш. Купувај од зелените пазари, посети фарма или задруга поддржана од заедницата,
- Готви и јади со другите- не само со семејството и пријателите. Донесете нови луѓе и перспективи на масата.
Дознај повеќе за локалната храна и нејзината историја и гастрономска култура.