Домашен Леб по рецепт на „Кози Млеко Планина“

Доручек со домашен леб на пасиште. Фото кредит © Кози, млеко, планина

Прекрасна порака ни пристигна од нашите членови од козарската фарма „Кози, млеко, планина“, сместена на падините на Скопска Црна Гора во село Раштак.

Додека ние секојдневно уживаме во сториите на нивниот профил, Давид ни го испрати неговиот рецепт за леб, кој секојдневно го јаде за доручек уживајќи на свежиот воздух и сонце, додека ги напасува козите на околните пасишта.

„Нема поубаво од наједноставната рецепта за леб. Но, има ли поубаво нешто кога тој топло испечен леб го ставаш на трпеза во планина. Блиску до своето стадо кози и нивните новородени јаренца. А трпезата …..и таа едноставна, леб и маслинки. Во време на коронавирус незаменливиот чај и лимон. Наздравје, убавина и здравје да ве следат и #БидиСлоу“ ни порача Давид.

Потребни состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажица сол
  • млака вода по потреба

Подготовка:
Се мешаат состојките, се замесува тестото и остава да стаса, потоа се преместува и се става во тавче на росено со брашно, се пече во загреана релна на 200°C околу половина час.

Ова е едноставниот рецепт на Давид, кој може да го испроба и секој почетник, кој има желба да подготви свој леб.
Се надеваме, кога се ќе заврши со кризната состојба, заедно ќе одиме на посета на фармата и ќе го вкусиме овој леб во комбинација со козјото сирење од новата сезона, кое сега започнува да се произведува на фармата.
Дотогаш да им посакаме успешна сезона и работа на „Кози, млеко, планина“, а сите ние да ги следиме препораките: #СедиДома, #БидиСлоу #КупувајЛокално