Регенерирајте. Амбициозната цел на Terra Madre Salone del Gusto 2022 година

Oд 22-26 септември во Торино, Италија ќе се одржи 14-тото издание на Тера Мадре Салон дел Густо (Terra Madre Salone del Gusto).  Оваа година настанот ќе се одржи во Парко Дора во поранешната индустриска зона, а ќе биде фокусиран на регенерацијата. Станува збор за најголемиот собир на мрежата Слоу Фуд и е жив пример за тоа како храната може да биде мост до мирот. Преку вклучување и размена на искуства ова претставува патоказ како можеме да негуваме подобра иднина сите заедно. Овој настан претставува најголемиот и најважниот меѓународен настан кој е посветен на политиката за храна, одржливото земјоделство и животната средина и истиот е организиран од Слоу Фуд, регионот Пиемонд и градот Торино.

Слоу Фуд сака да ја искористи енергијата и моќта на своето глобално движење со повторно обединување на производителите на храна  и активисти од целиот свет во Торино. Целта на настанот е да се воспостави поинаква иднина за храната, иднина која се обликува преку секојдневниот избор на поединци во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните и приватните институции.

„Следејќи го неизбежното преобликување на Тера Мадре Салон дел Густо 2020, се подготвуваме за издание каде повторно ќе се сретнеме; на кое  што фокусот ќе биде Регенерацијата во сите нејзини форми. Да се регенерира значи да се врати во подобра состојба и  ние ќе разговараме за таа идеја од различни перспективи, фаворизирајќи го (еко)системскиот пристап кон тоа што е храната денес и што мислиме дека треба да биде утре“, изјави Еди Муккиби претседателот на Слоу Фуд.


Ова издание означува  враќање во Торино и Пиемонт и сите традиционални формати на настанот-меѓународниот пазар со сите негови бои, ароми и гласови и ќе продолжи да го шири својот досег преку дигитални активности. Оние кои неможат да дојдат во Торино ќе можат да се приклучат на панел дискусиите преку интернет.

„Terra Madre Salone del Gusto 2022 ќе биде одлична прилика да се истражат прашањата што ги покрена тековната еколошка, климатска и јавна здравствена криза, а да не зборуваме за геополитичката и различните понудени одговори. Нашата цел е да изградиме колективна визија за иднината на храната која ги надминува политичките граници ставајќи го фокусот назад на заедниците кои не хранат и нашите односи со нив, како и на пошироката врска помеѓу човештвото и остатокот од природниот свет“ продолжува Муккиби.

Регенерацијата на настанот започнува од неговата локација. „Го избравме Парко Дора, голем парк надвор од центарот на градот кој се наоѓа на местото на старата челичарница. Тој е моќен симбол за градот и за Тера Мадре покажувајќи како екс-индустриските области може да се трансформираат во зелени површини за доброто на луѓето  и на планетата“- заклучува Муккиби.

Тема која исто така е сон: да се регенерира

Регенерирај е глаголот кој ќе не води во наредните месеци, оние што требаше да се совпаднат со закрепнувањето по двегодишната пандемија „Ковид-19“ и со борбата против климатската криза кои се уште покомплексни во споредба со  сериозните меѓународни геополитички ситуации.

Регенерирањето не значи обнова туку повторно раѓање. Регенерацијата според Слоу Фуд е трансферзална тема: исто како што дрвото што изгубило една од своите гранки таа може пак да порасне, така и почвата што е осиромашена од монокултури и хемиските средства може да се регенерира благодарение на земјоделските практики кои ја негуваат обезбедувајќи хранливи култури, разновидна исхрана и достоинствен начин на живот.

Исто така можно е да се обноват напуштените планински области преку одржливо одгледување и развој на сточарството со кое ќе се промени депопулацијата на висорамнините.

Слатките и солените екосистеми можат да се обноват со знаење и култура на оние кои со векови пренесувале традиции, знаења и техники. Последно но не и најмалку важно  градовите можат да се регенерираат со намалување на растојанието помеѓу производството и потрошувачката на храна што беше создадено со зелената револуција од минатиот век која постепено направи невидлив дел на производството на  она што го јадеме.

Ќе зборуваме за регенерација од многу гледни точки како што е фаворизирање на (еко) системски пристап и фокусирање на тоа што е исхраната и што мислиме дека треба да биде.


Ова издание на Terra Madre Salone del Gusto се надоврзува на искуството од изданијата организирани од 1996 година и на знаењето стекнато во 2020 година која настанот се одржа во хибриден формат комбинирајќи онлајн настани и помали офлајн активности.

Тера Мадре своето прво издание го започна во 2004 година како глобален собир на производители на храна од целиот свет и стана платформа за развој и примена на филозофијата на Слоу Фуд низ светот. Името е избрано во чест на Пачамама, како што е домородното население на Јужна Америка Мајка Земја, а настанот сега го слават милиони фармери ширум светот. Уште со својот почеток Тера Мадре беше срцето на движењето на Слоу Фуд, а благодарение на Тера Мадре се даде можност на Слоу Фуд да се прошири во над 160 земји и да прерасне во водечко движење за храна и земјоделство, угледна организација и партнер.

Добро дојдовте назад во Торино!

Торино од секогаш бил дом на Terra Madre Salone del Gusto,  a исто така беше и во 2020 година кога пандемијата Covid-19 направи промена на форматот, преместувајќи дел од закажаните настани онлајн. Но, стекнатото искуство во текот на тоа седуммесечно издание, помеѓу октомври 2020 и април 2021 година ни остави наследство кое не смее да се изгуби. Пред се,  извонредното учество на околу 10 милиони дигитални профили, посетите на страницата кои надминаа над 300 илјади, додека луѓето кои беа вклучени во настаните беа повеќе од 285 илјади. Потоа содржината, настаните од изданието на Terra Madre Salone del Gusto за 2020 година беа 1146 од кои 474 присутни кои беа орагнизирани во 75 земји во светот.

Поради  ова причина изданието кое го означува враќањето во Торино и Пиемонт со сите свои традиционални форми, со сите свои мириси, со сите свои гласови, не ја напушта дигиталната или глобалната страна. Оние кои не можат да стигнат до Парко Дора ќе имаат достапен дел од онлајн настани и содржни и ќе можат да го искусат Terra Madre Salone del Gusto 2022 исто така преку широко распространетите настани, активности и искуства организирани од мрежата на Слоу Фуд во Италија и ширум светот.

Настанот во Торино одсекогаш бил одличен пример за конфронтација и поврзување. Оваа година Тера Мадре ќе покаже уште повеќе како храната може да биде мост до мирот и како само заедно можеме да негуваме подобра иднина.

Веб страна на настанот: https://2022.terramadresalonedelgusto.com/en/