РЕПУБЛИКА:„Слоу фуд салон“: Царство на добриот вкус на едно место

„Слоу фуд салон“: Царство на добриот вкус на едно место

Во време кога се е „фаст,“ спората храна е ин. Кога на едно место ќе се собере највкусната храна тогаш тоа е вистинско уживање за љубителите на добриот вкус.

Такво нешто понуди годинешниот „Слоу фуд салон“ одгледувачи на органска храна, месопроизводители, млекари, пчелари, локални винарии и проиводители на домашно „крафт“ пиво.

На штандовите во „Александар Палас“ можеше да се проба и да се вкуси највусното сирење, козја сурутка, мед, вино, тартуфи, па дури и домашно чоколадо.

Она што во последно време е страст за љубителите на пивото е производството на домашно пиво.

Како што ни рече еднен производител од Велес кој имаше изложено десетина врсти „крафт“ пива ,вели дека го прави за своја душа и оти законите не му дозволуваат да продава но оти кога ќе се соберат со друштво сите сакаат да го пијат неговиот пијалок кој се надева дека ќе стане вистински бренд.