Револуција на еко кујната

sf.mk-chefs-alliance-petrin
Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија се формираше неодамна и се приклучи на светското семејство на готвачи © Оливер Манев / Slow Food Macedonia

Слоу Фуд Aлијансата на готвачи ќе го оживее движењето за  одржливост во кујната.

Француската револуција му oтстапи простор за развој на модерното угостителство, бидејќи готвачите на благородничките семејства, кои останаа без работа, беа принудени  да измислуваат нови ангажмани и активности. Каква промена ќе донесе оваа пандемија? Каде ќе води најсериозната криза во земјата  и во цела Европа – од повоениот период до денес? Ако ја отфрлиме, како што цврсто ја отфрламе хипотезата за движење кое води кон опстанок на најсилниот, како ја замислуваме реорганизацијата на овој сектор?

Ние во Слоу Фуд имаме предлог: да му дадеме живот на движењето на одржливи кујни.  Проектот Алијанса на готвачи на Слоу Фуд оди токму во оваа насока: заштита на територии, биодиверзитет, производи што се добри и имаат потреба од грижа, но пред се се одржливи.

Вистинскиот квалитет е секогаш одржлив, но одржливоста на ресторанот е сложена и прилагодена и мора да се испланира со внимание и постојаност.

 

Алијансата на готвачите на Слоу Фуд во оваа кризна година си постави повисоки цели и уште построги правила во своето делување © Slow Food

Иднината е баш оваа: крај на буржоаската кујна и појава на еко-готвење.

Ова е причината зошто изразуваме блискост и солидарност со целиот сектор, но тоа го правиме со цел повторно започнување од ново. Така е: во најтешката година, Алијансата на готвачите на Слоу Фуд не прави никакви чекори наназад или прави компромиси, но ја крева границата, поставувајќи дури и повисоки цели и уште построги правила.

Готвачите кои се приклучија на Алијансата на Слоу Фуд во последните месеци (во Италија има над 300) се вистински војници на добра, чиста и правична храна. Тие работат со производителите на нивната територија (почнувајќи од Президиумите на Слоу Фуд); тие нудат месо што доаѓа од локални и одржливи фарми и локални риби уловени од мали риболовци; тие се посветени на намалување на отпадот и пластиката, во некои планински области тие се единствената референтна точка за малите заедници.

Нивна цел е квалитетно угостителство,  а не е само забава, задоволство, хедонизам. Она што има вистинска врска со територијата, со пренесување на знаење и  градење на заедницата © Slow Food

Алијансата ќе нè спаси, бидејќи во овие тешки времиња ни требаат револуционерни кујни

Во последниве месеци тие покажаа одговорност, граѓанско чувство и дух на солидарност. Многу од нив се организираа да подадат рака на мензите во болницата и на оние кои се во потешки услови.

Сега тие не бараат попусти, туку се фокусираат на општото добро и иднината и сакаат само едно: да бидат препознаени според тоа што се. Тие сакаат силно да го нагласат она што голем дел од политиката и општеството сè уште не го разбрале целосно: квалитетно угостителство, она што има вистинска врска со територијата, не е само забава, задоволство, хедонизам. Тоа е култура, пренесување на знаење, социјална кохезија, градење на заедницата, преживување за малите земјоделци, за занаетчиските производители на храна, за винарите. Таа е една виза за иднината на земјата, можеби најважната.

Побарајте ги готвачите на Слоу Фуд Алијансата  и Рестораните препорачани од Слоу Фуд во вашата средина

Контактирајте ги, прашајте ги дали се организирани за достава, нарачајте јадење, купете оброк што ќе го јадете во подобри времиња.

Останете поврзани со нив, бидејќи без нив, дури и ако не ги посетувате редовно, вашата заедница ќе биде посиромашна и потажна.

Карло Петрини