Сарма со штавел

Сармите со штавел, по рецептот на баба Љубица © Маре Јаневска

Шеф Маре Јаневска, член на Слоу Фуд Водно и Алијансата на готвачи, во својата кујна ни го подготви својот омилен рецепт, наследен од баба Љубица.

„Штом пукне пролет и се размрдува природата, на дофат ни доаѓаат едноставни намирници кои таа ги нуди, но од кои може да се создадат прекрасни јадења со магичен вкус, посебно ако се подготвени со трпение у многу љубов, баш како што ни ги подготвуваше баба Љубица
Убавината на јадењата е во едноставноста и вниманието кое им е посветено. Така и ова едноставно јадење, зазема посебно место во традицијата и воодушевува со својот посебен шмек.“. ~ ни пишува шеф Маре, како надополнување, во меилот во кој беа прикачени рецептот и фотографиите.

Отстранување на дршката од листовите © Маре Јаневска

Состојки:

  • педесет листови штавел,
  • 400 грама мелено месо, комбинирано,
  • 1 шоља ориз,
  • 1 голема главица кромид,
  • 4-5 млади кромидчиња,
  • 1 младо лукче,
  • 1 лажица буковец,
  • 1 лажица црвен пипер,
  • бибер и сол по вкус.

 

Подготовка на филот и виткање на сармите © Маре Јаневска

Подготовка:

  1. Најпрво е потребно листовите штавел да се исчистат од „жилата“ на дршката, односно треба со нож да се отстрани дебелиот дел од средината, како што е прикажано.
  2. Потоа, се покиснуваат во ладна вода и добро се мијат.
  3. На оган се загрева сад со поголема количина вода и кога ке почне да врие, листовите, еден по еден се обаруваат во неа, доволно е 3-5 секунди за еден лист.
  4. Филот се за почнува со пржење на кромидот, потоа меленото месо и на крај оризот, младиот кромид, лук и зачините.
  5. Листовите се филуваат со по една мала лажица од филот, се затвораат од двете страни и се виткаат сарми. Се редат во длабок керамички сад.
  6. Накрај се прелеваат со врела вода, да ги покрие сармите и уште 1 чаша дополнително;
  7. Сармите се готват во загреана рерна на 200°С, за време од 45-60 минути.
Сармата со штавел, одличен пар со кисело млеко © Маре Јаневска

Препорака:
Добро познат партнер на сармите на трпезата е домашното кисело млеко или павлака.
Рецептот лесно може да се адаптира и во „посна варијанта“ со зголемување на количеството на ориз и млад кромид и замена за месото со сецкани ореви.

Споделете го рецептот на шеф Маре, како идеја за ручек во следните денови. #СедиДома #БидиСлоу и испратете ни некој ваш рецепт на: info@slowfood.mk