Шеталиште.мк: Филмот за Буковската пипер прикажан на германскиот канал Арте

Прес прегледШеталиште.мк: Филмот за Буковската пипер прикажан на германскиот канал Арте

Сподели

Минатата недела, германскиот канал на телевизијата ARTE, премиерно го прикажа документарниот филм за Буковската пиперка, Президиум на Слоу Фуд. Во филмот покрај производството, рецептите на баба Илинка од битолското село Буково, презентиран е дел од животот на локалните жители и работата на Слоу Фуд во Буково.

Македонската премиера од Слоу Фуд ја планираaт на Трпеза Филм Фестивал ова лето во Битола.

Филмот е снимен во битолското село Буково, во септември 2016 година како дел од серијалот „На трпеза кај…“, чиј продуцент и режисер е Мирјана Момировиќ. Трае 26 минути, живописно го презентира животот на селаните во Буково, а во фокусот е семејството на Илинка Главевска преку кое е раскажана приказната за буковската пипер, нејзиното производство и преработка. Но, семејството Главевски со Момировиќ ги споделува и најавтетичните рецепти во кои се користи зачинот: тавче-гравче, солило, сарма со лозов лист, питулици…

Според Слоу фуд Македонија која преку президиумот Буковска пипер работи на зачувување и промоција на автохтоното семе на овој вид зачин, филмот „На трпеза кај… – Македонија“ веднаш побудил интерес и за два дена пристигнале неколку барања за зачинот и семето.

Објавено на: 04/04/2017
Медиум: https://setaliste.com.mk/

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...