Симфонија на мешунките

„Симфонија на мешунките“ е прирачник со кој ние од Слоу Фуд сакаме да ѝ дадеме важност на оваа потценета група на прехранбени производи. Всушност, овој водич ја објаснува посебноста на мешунките како  растителна фамилија која се издвојува од останатите, според определени карактеристики кои се од корист за човекот, како на пример: најбогат и лесно достапен извор на протеини од растително потекло, нивната едноставност во одгледувањето без голема потрошувачка на ресурси и азотофиксаторските способности (збогатување на почвата со азот).

Исто така,  ги објаснува нивните биолошки и нутритивни карактеристики, придружени со интересни и необични рецепти, дел од кои се користеле во минатото, но денес постепено изумираат. Посебно се обработуваат поголем број на мешунки кои сѐ уште се користат во нашата кујна и можат да се  најдат евидентиранина официјалната листа на автохтони сорти, зачувани во ГЕН-банките, но и на терен, особено во руралните области.

Нивната потрошувачка во исхраната постепено опаѓа, што значи кон[1]тинуирано губење на биодиверзитетот на нашето поднебје, како и дел од културните навики на населението. Од друга страна, во последните го[1]дини постојано се зголемува побарувачката на протеини од животинско

потекло, кои најчесто доаѓаат од месо, млечни производи, јајца и риби.

Ова особено се однесува на високо развиените земји каде зголемената  консумација на протеини од животинско потекло е директно поврзана со  зголемување на приходите по глава на жител, додека кај нас се должи на  ниските цени на увозните производи, кои се со низок квалитет.

Целата брошура симни ја од тука.