Сител: Конференција за регулативите како поддршка на традиционалните производства

Прес прегледСител: Конференција за регулативите како поддршка на традиционалните производства

Сподели

„Регулативите на маса: во поддршка на традиционалните производства “е темата на денешната конференција што ја организираат Слоу фуд Водно, Слоу фуд Битола и „Екоросалес “во рамки на проектот „Од нива до маса – канализирање на проблемите на фармерите преку документи со ставови и други пишани форми “.

Предвидени се две сесии, едната насловена „Ознаките за квалитет на земјоделските и прехранбените производи (ЗОП, ЗГО, ГТС) алатки за одржлив локален и економски развој “, а другата „Примена на флексибилноста во законските прописи за хигиена: суштинска потреба за зачувување на традиционалните сирења “.

Во рамки на конференцијата ќе стане збор за маркетинг-иновациите во фарми со висока природна вредност, програмите за поддршка на заштитата на традиционалните производи, флексибилноста во законските прописи за хигиена, доближување до европските практики за традиционално производство на сирења и искористеноста на пакетот хигиенски мерки во Италија, Шпанија и Турција.

Најавени се презентации на професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Институтот за сточарство, гости од Бигарија, како и претставници од Министерството за земјоделство.

Објавено на: 31/05/2018
Медиум: https://sitel.com.mk/

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...