Скопје Инфо: Слаткото од дива смоква на пат да стане втор заштитен традиционален македонски производ – прв е охридската цреша

Прес прегледСкопје Инфо: Слаткото од дива смоква на пат да стане втор заштитен...

Сподели

Македонија досега има заштитено само еден традиционален производ со ознака за квалитет – охридската цреша.

Иако потенцијалот за заштита е голем и иницијативи има, проблемите на терен се бројни, беше речено на денешната конференција „Регулативите на маса: во поддршка на традиционалните производи“.

Според учесниците на конференцијата, клучните слабости се кај производителите. Тие не се организирани, ниту информирани за бенефитот од заштитата на нивните производи, немаат доволно средства, а и ретко се регистрираат со образложение дека процедурите и постапките се комплицирани.

По охридската цреша која е засега единствен македонски производ со заштитена географска ознака, слаткото од дива смоква од југоисточниот регион е најсериозен кандидат да влезе во процедурата за заштита на производот со географска одредница.

– Мариовскиот мед, беровскиот компир, преспанското јаболко, дебарското сирење,… се само некои од традиционалните производи што може да се заштитат. Но нашите истражувања покажаа дека мора најпрво да се решат базичните проблеми: регистрацијата на објектите за производство на храна, недоволната информираност на производителите, нивната слаба заинтересираност и недовербата за здружување и работа во група, истакна Емилија Неделковска до Фло Фуд Македонија.

Според неа, ознаките за квалитет што се поделени во три групи, заштитена географска ознака, заштитена ознака за потекло и гарантиран традиционален специјалитет, се многу важни алатки за одржлив локален и економски развој.

Вјара Стефанова од Општество за територијален и еколошки просперитет напомена дека ИПАРД е една од опциите за обезбедување средства за заштита на традиционалните производи. Сепак, на производителите им е неопходна едукација, консултација и стручна помош. Треба да им се организираат средби со фармери од ЕУ заради размена на искуство.

– Сакав да го регистрирам објектот за производство на традиционално бело овчо сирење во Дебар, но институциите не ми дозволија зашто е во населено место, иако имам хасап и ги исполнував сите неопходни услови. Во Италија сите традиционални производители прават сирење во куќи, изјави Скендер Аме, мајстор за традиционално овчо сирење од дебарскиот крај.

Инспекторите изнесуваат спротивен став, велат дека колку и да бидат минимизирани условите што се бараат од традиционалните производи, тие повторно ќе речат дека се прекомплексни и сложени. Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан“, со поддршка на ЕУ.

Објавено на: 01/06/2018
Медиум: https://skopjeinfo.mk/

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...