Слоу Фуд Млади Македонија на конференцијата „We Feed The Planet“

До:
Средства за јавно информирање  

WE FEED THE PLANET

Настанот ќе се одржи од 3 до 6 Октомври, 2015 во Милано, Италија. На истот ќе учествуваат млади фармери, рибари, познавачи на храна, готвачи и активисти за храна, заедно со членови на Слоу Фуд движењето и пошироката јавност. „We Feed the Planet“ ќе биде организиран во рамките на меѓународниот саем EXPO 2015, кој е отворен од 1 мај до 31 октомври, под мотото “Feeding the Planet, Energy for Life”.

Целта на настанот „We Feed the Planet“ е да се испрати јасна порака како и кој ќе го храни светот во иднина. Најголемиот предизвик со кој се соочува нашата генерација е обезбедувањето храна на светската популација. Бидејќи EXPO 2015 се фокусира токму на оваа тема, целиот свет ги очекува одговорите и исходот од овој саем во Милано. Но за да се разговара за обезбедување храна за човештвото, неопходно е учество на малите производители, младите фармери и произведувачите на храна! Затоа се потребни сите мислења и ставови: ,,Време е да им се даде гласот на оние кои работат напорно, ден и ноќ, за да им обезбедат храна на чинијата на сите луѓе”.

Како што EXPO се ближи кон неговиот крај Младинската Мрежа на „Слоу Фуд“ ја користи оваа можност за да дискутира за иднината на нашата храна. Ги повикуваме да се мобилизираат сите оние кои сакаат да видат промена во моменталниот систем на храна, да прикажат дека иновациите се случуваат не само преку владите и бизнисите, туку и на земјата каде младите фармери работат секојдневно.

Maкедонската делегација која ја сочинуваат 17 млади производители, активисти, студенти и млади стручни лица за храна ќе учествуваат на овој настан во организација на „Слоу Фуд Млади Македонија“.

Потребна ни е глобална мрежа од (млади) носители на промени и претприемачи кои од внатре ќе го променат моменталниот систем на храна. „We Feed The Planet“ се стреми кон креирање на силна интердисциплинарна мрежа од која ќе произлезат различни проекти, идеи и иновации.

 Во прилог Ви доставуваме слики од настанот.

За дополнителни информации и лице за контакт со медиумите:

Анита Главевска

Асистент за комуникации
Слоу Фуд Македонија
П.факс 27, 7000 Битола
075/708-807
anita.g@slowfood.mk

Слоу Фуд вклучува милиони луѓе кои ја следат филозофијата за добра, чиста и правична храна, мрежа составена од готвачи, производители, млади активисти, рибари и експерти од повеќе од 150 земји, помеѓу нив и 100,000 членовии,  здружени во повеќе од 1.500 локални групи т.н. конвивиуми кои преку својата членарина даваат придонес во организацијата на локалните активности. Мрежата вклучува и 2.000 Тера Мадре заедници на храна кои се посветени на одржливото производство на малите семејни фарми.

Линкови за подетални информации:

www.slowfood.mk
www.slowfood.com