SLOW FISH 2015 во Џенова: Време е да се промени правецот!

Седмото издание на „Слоу Фиш“ – меѓународен настан организиран од страна на регионалната власт на Лигурија и „Слоу Фуд“ ќе се оддржи од вторник 14 мај до сабота 17 мај 2015 на пространото крајбрежје на Џенова­-Античко пристаниште, во Италија.

Посветена на светот на рибите и морските екосистеми, од како ќе ги поздрави гостите од Џенова и целиот свет,настанот,со слободно учество, ќе се одвива на доковите со поглед на море.Единствен настан што ги соединува задоволствата на исхраната заштитувајки ја истовремено биоразличноста на морските видови.

Темата на овогодишното издание е:,,време е да се смени правецот! Во годината на саемот Ехпо во Милано,каде што „Слоу Фуд“ ќе учествува со свој простор, целта е да се соберат сите учесници во заштитата на океанот бидејки е првиот чекор за заштита на еден од најважните извори на храна на планетата. Заради ова,во „Слоу Фиш“ ќе учествуваат: рибари, готвачи, потрошувачи, морски биолози, стручна јавност и посетители барајќи решенија за подобрување на  управувањето со морските залихи.

„Слоу Фиш“ 2015 ќе се фокусира на Средоземното Море вклучувајќи делегати  од голем број земји,со заеднички интерес, подобрување на состојбата на Средоземното Море.Делегатите ќе пристигнат во Џенова од 18 земји: Франција, Шпанија, Италија, Турција, Албанија, Алжир, Мароко, Мавританија, Ирска, Крим, Естонија, Германија, Велика Британија, Норвешка, Тунис, Јужна Кореја, Холандија и САД.

Програмата на настанот ќе биде фокусирана на размена на искуства со дегустации и размислувања во однос на културата на исхраната и традицијата: во 21 дегустациски центар,преставници од занаетот и готвачи со помош на морските биолози и рибари ќе ги престават своите специјалитети.Во овие работилници за дегустација ќе бидат претставени важни прашања на теми како што се биодиверзитетот и со поддршка на некои од најпознатите морски биолози ќе бидат оджани осум лекции од Мастер-познавачи на храната и четири вечерни датуми со звезди од италијанската и интернационалната кујна.

Новост на овогодишното издание 2015 ќе биде и присуството на околу 30 производители од двата Лигуриски светски пазари: Каиро Монтеноте и Саразана кои покрај рибниот пазар на настанот ќе понудат богат приказ на свежи и конзервирани риби, како и масла, зачини, соли, алги и други производи од риба.

Овогодишното издание на „Слоу Фиш“ уште еднаш ќе понуди конференциска програма за така-наречените водени работилници, што ќе обезбеди можност да се разгледаат различни прашања со сета нивна комплексност, со отворена дискусија помеѓу рибари од целиот свет кои ќе можат да ги споделат своите проблеми и перспективи,експерти ќе зборуваат за прашања кои влијаат на морските екосистеми и за искуствата на мажи и жени посветени на зачувување на планетата. Во осум лаборатории, по две во секое попладне ќе се обезбеди простор за сведоштва, размена на искуства и размислувања од мрежа на преставници на „Слоу Фиш“, кои работат за споредба на актуелната состојба и иднината на екосистемот и риболовот во Средоземното Море.

Посетителите уште еднаш ќе имаат можност да откријат вкусни специјалитети во просторот на  “street food” и да уживаат во чаша вино од енотеката на Поленцо вино или домашно пиво на “beer piazza”.Оваа година изборот на пиво ќе биде уште повеќе импресивен збогатен со типови на домашно италијанско пиво преставени на листата на „Слоу Фуд“ (Водич на пивото на Италија).

За повеќе информации ве молиме да ги контактирате прес-службите на „Слоу Фуд“:

Паола Нано, 39 329 8321285 p.nano@slowfood.it

„Слоу Фуд“ засегнува повеќе од еден милион луѓе, страсно посветени на изборот на добра, чиста  и исправна исхрана.Во тоа се вклучени готвачи, активисти, земјоделци, рибари, експерти и академци од 158 земји; мрежа од околу 100.000 членови на „Слоу Фуд“, групирани во 1.500 локални ограноци ширум светот (познат како конвивиум), придонесуваат преку нивната членарина како и преку настаните и кампањите што ги организираат; над 2.500 организации, преставници на кујната на сопствената земја практикуваат ограничени-состанцијални производства на квалитетна храна низ целиот свет.

Слоу Фиш

За време на„Слоу Фиш“, која ќе се одржи во Џенова,Италија,научници,истражувачи,мали рибари, преставници на државни органи и ентузијасти ќе се состанат на разговори за воздржан риболов и производство,одговорна потрошувачка на риба и зачувување на морските и слатководните екосистеми.Големиот пазар, конференциите, состаноците, работилниците и дегустациските сесии прават „Слоу Фиш“ да биде единствен настан посветен на светот на рибата. Настанот се оддржува во непарни години.

Веб страната на „Слоу Фиш“ може да се види online на: 

http://slowfish.slowfood.it/en/