Слоу фуд предизвик: Ќе постиме во петок?

Прес прегледСлоу фуд предизвик: Ќе постиме во петок?

Сподели

Од утре (петок) здружението за заштита, промоција и едукација за храна- Слоу фуд Водно, голансира предизвикот #ПосенПеток кој ќе трае следните два месеца како дел од онлајнкампањата „Храна за промени“..

„Храната е предизвикувач на климатските промени, но храната е и првата жртва наклиматските промени.Секој може да даде мал придонес во ублажувањето на последиците од овој глобаленпроблем. Секој со индивидуалните одлуки, како ќе ја произведува и што ќе избере даконсумира, може да влијае. Придружете ни се на предизвикот#ПосенПеток#ХранаЗаПромени #ДаЗборувамеЗаКлима“, порачуваат од Слоу фуд Водно.

Слоу Фуд Водно утре (03.07.) ќе го лансира предизвикот #ПосенПеток кој ќе трае следнитедва месеца како дел од онлајн кампањата „Храна за промени“.

Целта на предизвикот е да се влијае на намалување на консумацијата на ефтино, увозно,индустриски произведено месо кое има значително влијание врз климатските промени.

„Нашата цел е да дадеме придонес во јакнење на јавната свест за прашањето наклиматските промени и нивната поврзаноста со храната која ја произведуваме иконсумираме и да иницираме решенија во надминување и адаптација кон оваа глобалнакриза.

Преку предизвикот #ПосенПеток сакаме да влијаеме на намалување на консумацијата наефтино, увозно и индустриско произведено месо кое има значително влијание врзклиматските промени. Да започнеме со фактот дека со помалку месо, се создаваат помалкустакленички гасови кои влијаат врз климатските промени. Истовремено, делуваме врзнамалување на потрошувачката на значајни ресурси како почва, вода, шума и енергија.Така на пример, системот за производство на месо има поголем придонес за појава наклиматски промени од целиот транспортен систем – од сите автомобили, камиони, авиони ивозови во светот. Системот за производство на месо користи дури 75% од целатаземјоделска површина. За да се произведе само еден бургер од приближно 100 грамапотребни се околу 1.600 литри вода, а за истиот тој бургер потребна е енергија која би јадржела батеријата на ајфон цели 6 месеци.

Од друга страна посниот ручек во петок е дел од нашата традиција која треба дапродолжиме да ја негуваме, но истовремено е пример да размислиме како да изгледаатнашите оброци од иднината. Штедливи, одржливи, ефтини и здрави оброци кои се добри завас и се пријатели на планетата.

За таа цел ги покануваме сите во што поголем број да го прифатат предизвикот со хаштаг#ПосенПеток и да го споделат својот оброк, преку слика, видео или рецепт на социјалнитемрежи. Ние ќе се потрудиме да ја разбудиме сечија креативност во кујната со серија навидеа од најдобрите готвачи кај нас и да ве поттикнеме прифаќајќи го предизвикот први. Занајкреативните имаме мали изненадувања“, велат од Слоу фуд Водно.

Предизвикот #ПосенПеток е дел од онлајн кампањата на проектот„ Храна за промени какоодговор на климатските промени“, спроведуван од Слоу Фуд Водно.

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...