Slow Wine испраќа јасна порака од своето прво издание: Нека водата и почвата бидат во фокусот на еколошката транзиција

Над 500 производители од 19 земји, зедоа учество на првото издание на Slow Wine Fair кое се одржа во Болоња, Италија. Меѓу земјите учесници беше и Македонија.

“Сега, откако се сретнаа сите протагонисти на Слоу Вајн коалицијата (Slow Wine Coalition), имаме поголемo познавање за колективните промени со кои се соочуваме и подобри алатки за да се соочиме со сите нив.” Џанкарло Кариљо, координатор на Слоу Вајн коалицијата. 

За време на трите дена на винскиот саем се одржаа состаноци и мастер предавања, но пред се, се дискутираше за Манифестот за добро, чисто  правично вино, кој е потпишан од сите излагачи и учесници. 

 “Само ако сме здружени, може да ја промовираме еколошката транзиција и да овозможиме лозарството да игра главна улога во проектите кои поврзуваат одржливост на животната средина, зачувување на пејсажот и социјална еднаквост. Лозарството отсекогаш било пионерски чекор во земјоделството и мора да продолжи да биде така.” додаде Кариљо.

Публиката на Slow Wine Fair © Slow Food

“Sana Slow Wine саемот е битен чекор за Болоњскиот саем. Бевме домаќини на настани кои се фокусираат на органски производи и одржливост и сега се отвораме кон водечкиот вински свет преку нивниот стремеж кон позелена иднина преку нивните заложби за вредностите на Слоу Фуд. Горди сме што бевме домаќини на 542 винарии од целиот свет, како и преку 6000 купувачи, професионалци и ентузијасти. Се надеваме дека следната година на второто издание нивниот број ќе биде уште поголем, изјави Џанпјеро Калцолари, претседател на Болоњскиот саем. 

Земјите од северна Европа, особено Германија и Данска, заедно со САД, беа земјите со најголем број на претставници особено купувачи, кои дојдоа на Slow Wine саемот да се сретнат лично со стотиците slow винарии.  

“Сите вина кои ги дегустиравме и луѓето со кои се сретнавме, ќе ни помогнат да се задоволат интересите и очекувањата на нашите клиенти. Огромната селекција на винарии, особено органските и биодинамичните компании, и фокусот на свесно консумирање и природните вина, го прават овој настан камен темелник за интернационалниот пазар на саеми. Со други зборови, доколку сметаме дека оние кои сакаат да ги задоволат потребите за ширење на пазарот кој гледа подалеку од карактеристиките на виното во чашата, туку го разгледува целото опкружување на неговото производство.” потврдува Никлас Ериксон од компанијата Excellent Drinks. “Доколку структурата на саемот остане иста, со сигурност доаѓаме и следната година,” додаваат американските купувачи Гери Торнбрг и Захари Харис. 

Балканските винари на Slow Wine Fair © Slow Food Macedonia

КОН ЕКОЛОШКА ТРАНЗИЦИЈА

Slow Wine Fair не е само саем. Пред се, е можност за размена на приказни и искуства, каде производителите може колективно да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат. Во фокусот на дискусиите беше климатската криза чии ефекти се видливи особено во несекјодневните сушни периоди кои влијаат на одгледување на винската лоза. Земајќи го ова во предвид, не треба да не чуди што винариите се фокусираат на одржливи практики за заштита на природната средина кои го намалуваат користењето на водата и ја зачувуваат виталноста на почвата. Улогата на винарот во зачувување на пејсажот и социјалната еднаквост е подеднакво битна, дали тоа било преку проекти со кои заеднички се користи опремата и производствените простории или преку инвестиции во културниот развиток на нивните заедници, особено во нивните работници. 

презентација на македонското издание на Slow Wine во Slow Wine арената © Slow Food

SLOW WINE FAIR И ПРОЕКТИТЕ НА SLOW WINE ШИРУМ СВЕТОТ

За време на настанот, во Slow Wine арената, беа одржани повеќе дискусии во рамки на Слоу Вајн коалицијата, а  беа презентирани и изданијата на Slow Wine водичот од повеќе земји кој преставува вовед во новата винска сцена која многу брзо се развива. На Slow Wine водичот од Италија му се придружија и Slow Wine водичите за Словенија, САД, Кина и Македонија.  Slow Wine саемот беше и можност да се промовира новиот президиум на Хрватска за Vin de Rosa ароматично слатко вино со карактеристична арома на ливчиња од роза.

Maкедонскиот штанд на Slow Wine Fair © Slow Food Macedonia

MAKЕДОНСКОТО ВИНО НА SLOW WINE

На саемот учествуваше и 13 члена делагација од Македонија, во чиј состав беа и седумте винарии, кои се дел од првото македонско издание на Slow Wine водичот во Македонија. На Македонскиот штанд се претставија со 30 етикети на вино.  Она што го привлече вниманието на винската публика составена од професионалци од винскиот свет, вински судии, сомелиери, вински критичари, новинари и вински ентузијасти беше уникатноста на македонските вина, пред се моќниот вранец, елегантната станушина и заводливата темјаника. Настанот беше одлична можност за нашите  винари да се запознаат со светските трендови во лозарството и винарството, да ги слушнат коментарите и сугестиите за нивните вина од посетителите на македонскиот штанд.

По завршувањето на саемот, македонската делегација посети  неколку винарии во регионот на Емилија Ромања, кои практикуваат органско и биодинамично производство и кои го произведува познатото пињолето, како и Валполичела во регионот Венето и најпознатото вино од овој регион Амароне.

Учеството на македонската делегација беше поддржано од страна на Слоу Фуд Интернационал и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заедничка вечера на Балканските делегации © Slow Food Macedonia

Со нетрпение го очекуваме и му се радуваме на следното издание кое ќе се одржи од 26 до 28 февруари 2023 година