Slow Wine манифест за добро чисто и правично вино

Манифестот на Слоу Фуд  за добро, чисто и правично вино е „пристапница“ во Коалицијата на Slow Wine, која има за цел да ги обедини играчите во винскиот сектор – од производители до увозници и дистрибутери, сопственици на продавници за вино до ресторани, сомелиери до специјалисти за комуникации и новинари, како и љубители на вино – инспирирани од идејата за
добро, чисто и правично вино за сите.
 
Манифестот нa Слоу Фуд за добро, чисто и правично вино е збир на насоки што наведува голем број клучни точки во врска со винарската професија, земјоделството и енологијата, проширувајќи ја дискусијата на други области како што се биодиверзитетот, вистинската вредност на земјата и однос со оние кои работат во лозјето и во производството на вино.
 
„Манифестот, одобрен во Болоња на 11 октомври 2020 година и е резултат на долг процес на подготовка што ја опфаќа целата историја на движењето Слоу Фуд. Тој е инспириран од размислувањата на стотици лозари кои се сретнаа во Монтекатини и Фиренца во 2009 година на второто издание на Vignerons d’Europe и не е финален документ, туку почетна точка околу која може да се споредуваат и дискутираат различните гледишта“, нагласува Џанкарло Гариљо, координатор на Коалицијата на Slow Wine. „Корените на нашaта организација, на почетокот на 1980-тите, потекнуваат од лозјата. Во овие 40 години организацијата порасна и ги прошири своите хоризонти, одржувајќи ја својата врска со виното благодарение на Slow Wine. Но, иако овој проект беше успешен и обедини многу ентузијасти под знамето на доброто, чистото и правично вино, водичот, веб-страницата, настаните и големата група соработници не се доволни за создавање заедница. Во оваа историска фаза разбравме дека ниту еден предизвик не може да се надмине сам. Затоа е од суштинско значење да се создаде заедница обединета околу признатите и споделени вредности“.
 
 
Трите столба на Манифестот
Учесниците на Slow Wine Fair во Болоња, Италија и ченови на Коалицијата за вино на Слоу Фуд споделуваат визија за виното, дефинирана во манифестот на Слоу Фуд за добро, чисто и правично вино. Овој документ е резултат на 30 годишната работа на терен.  Виното претставува важен дел од работата на Слоу Фуд од самите почетоци, до денес.
Доброто, чисто и правично вино може да даде важен придонес во промената на земјоделскиот систем, ги здружува сите идеи за еколошка одржливост, зачувување на пејсажите и социо-културен развој на руралните средини каде се одгледува виновата лоза.
Меѓу точките во Манифестот, постојат три основни столба:
 
Вино и одржливост на животната средина
„Винариите не смеат да користат хемиски ѓубрива, хемиски средства против плевели или хемиски синтетички фунгициди “. Дополнително:  „Мора да се применува свесен и одржлив пристап при користењето на ресурсите на животната средина во производството на вино. Зависноста од системите за наводнување
мора да биде ограничена и минимално да се применува наводнувањето за да се избегнат критичните периоди на недостиг на вода“.

 
Вино, биодиверзитет и пејсаж
„Објектите на винарската визба треба да бидат изградени на начин на кој ќе се почитува околината и животната средина. Управувањето, одржувањето и евентуалното реновирање
на постоечките градби треба да се врши во согласност со нивната одржливост“. Дополнително: Одржливиот производител на вино го фаворизира биодиверзитетот преку практики како што се наизменично засадување лозје со жива ограда и пошумени области; обработка на почвата што вклучува трева и компост и исклучува, во секој случај, гола почва, со исклучок на кратки сезонски периоди; заштита на инсектите што опрашуваат и корисната фауна со употреба, по можност, на инсектициди дозволени во органското земјоделство кога е потребен таквов третман и, во секој случај, избегнување на нивна употреба за време на цветањето на лозата и другите тревни видови присутни во лозјето; размножување на животните во рамнотежа со нивната благосостојба и производство на ѓубриво на фармата;
земјоделско производство на компост од остатоци од кастрење и други органски материјали“.
 

Виното и заедницата
„Винариите треба активно да се вклучат и да соработуваат со целата заедница во нивната околина. Во овој поглед, винариите мора да одржуваат принципиелен однос со своите соработници, како и со своите вработени, негувајќи личен и професионален раст. Покрај тоа, важно е винариите да соработуваат и да споделуваат знаење со другите производители, избегнувајќи нелојална конкуренција“.
 
Манифестот се однесува и на сетилните аспекти на виното, ја дефинира важноста на тероарот, дава важни упатства за работа во визбата, и одгледувањето грозјето и многу повеќе.
 
Прочитај го Манифестот
Важно е да се забележи дека Манифестот не е финален документ, туку почетна точка за дијалог и дискусија. Слоу Фуд има за цел да ги здружи заедно сите протагонисти од винскиот свет со споделена свест дека улогата на виното повеќе не може да биде едноставно хедонистичка, таа мора да е двигател на промените кои промовираат автентична еколошка одрливост, ги зачувува руралните пејсажи и социо-културниот развој на областите каде се одгледува лозата. Прочитајте го Манифестот на Slow Wine тука.