Неискористен потенцијалот за органско производство

Потенцијалот на Македонија во органското производство е неискористен, а не се развиени свеста и навиките за консумирање на органска храна кај нашето население.

После бранот на подигнување на свесност за безбедноста на храната кон крајот на 90те истовремено и бројните скандали со квалитетот на храна и ГМО темата и процесот на глобализација, кој пазарот на храна го претвори во еден глобален пазар на кој храната се третира како трговска стока и напливот на храна со сомнителен хвалитет од различни страни на светот, во Европа, па и Македонија, соземајќи се од овие шокови, потрошувачите се повеќе се свесни дека квалитетната храна е основен предуслов за квалитен живот и важна за новното здравје.
Тие немаат доверба во вака понудената храна.
Започнува еден процес на враќање кон локалните производители на свежа, сезонска храна но и преработена храна по традиционален рецепт.
Тука е шансата за развој на малите семејни бизниси за производство на храна и искористување на потенцијалот кој го има Македонија во органското производство.

Начинот на производство кај нас е се уште близок до екстензивниот начин на производство, што значи дека конверзијата кон органско е полесна во споредба со производителите во останатите земји во ЕУ. За огромна жал, поради ред причини, овој потенцијал се уште не е искористен.
Зголемување на процентот на земјоделско производство кое користи одржливи, органски методи на производство не е избор, туку станува неопходност. Едноставно, не може да продолжиме да произведуваме храна во иднина, без да се грижиме за почвата, водата и биодиверзитетот.
Предизвиците се секако присутни и со нив се соочуваме секојдневно. Од неможност да се набави соодветно семе, немање на доволен број квалитетни консултанти за органско производство, мали количини што го оневозможува пласманот во странство и сл. Меѓутоа, се поголем е бројот на чинители кои работат на нивно решавање.
Тука би ја споменал ИМЕ програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact, која им овозможи на голем број заинтересирани производители да изнајдат решенија за постоечките проблеми.
Органското производство ќе го зголемиме доколку работиме на едукација на производителите, консултантите, потрошувачите.
Сите треба да знаат зошто треба да одберат органско пред конвенционално произво-дство и производ, зошто истиот е поскап и кои се бенефитите од ваквиот начин на производство.
Бенефитите од органското производство се тема на која може навистина многу да се зборува.
Бенефитите се бројни како за самиот производител, така и за животната средина, потрошувачите, животните, локалната заедница и општеството во целина.
Со органското производство се постигнува далеку помало загадување на животната средина, бидејќи нема употреба на вештачки ѓубрива, нема употреба на синтетички пестициди, има соодветно складирање и употреба на арското ѓубриво и сл.
Во органското производство се обезбедува благосостојба на животните преку соодветни услови за чување, постојан пристап до отворени површини, по можност пасишта, природен начин на размножување, квалитетна храна и ред други мерки.
Се постигнува подобар квалитет на производот (до 60% повисока содржина на клучни антиоксиданси, 50% пониски концентрации на тешки метали, најмалку четири пати помала можност за резидуи од пестициди, без ГМО, без вештачки бои, конзерванси и сл.) Потрошувачите се повеќе ја препознаваат вредноста на органското производство и органскиот производ, што води до зголемување на побарувачката на органски производи.

Текст: Николче Николовски, Слоу Фуд Македонија
Фото кредит © Slow Food архива